Добронамерен човек мислел дека ќе направи добра работа кога поканил бездомник од улицата да го почасти оброк во Мекдоналдс во Мертл Бич, Јужна Каролина. Јоси Гало го снимил моментот кога персоналот на Мекдоналдс повикал полиција затоа што бездомникот им пречел на гостите и вработените и полицајката го приморува човекот да си замине без да го заврши оброкот. Кога Гало им објаснува дека тој му го платил оброкот и него го исфрлаат од Мекдоналдс поради „несоодветно однесување“.

Градоначалничката и полицијата на Мертл Бич, ја оправдуваат постапката на полицајката, затоа што бездомникот барал пари од присутните гости во ресторанот. Исто така велат дека Гало често се однесувал „непримерно“ и бил исфрлан од рестораните. Во видеото Гало вели дека човекот не му барал пари и дека не може да сфати зошто не му дозволуваат да си го заврши оброкот. Менаџерот на Мекдоналдс му вели на Гало да престане да вика.

Гало вели дека уште кога влегол во Мекдоналдс со човекот касиерката му се обратила на бездомникот: „Не добиваш храна!“, потоа тој самиот му го купил оброкот. Кога полицајката пристигнала, се слуша како Гало му вели на персоналот: „Вие сте заникаде. Тој дури и не ми побара храна. Јас го донесов од надвор. Вие сте заникаде!“ Потоа бездомникот и полицајката разговараат и таа го чека да заврши со оброкот. Менаџерот побарал и Гало да биде исфрлен од ресторанот. Кога Гало повторно почнал да се буни полицајката му одговорила: „Јас сум законот! Морате да си ги земете работите и да си заминете!“.

Јоси Гало

Гало потоа го прашува бездомникот дали сака да одат на друго место за да јадат. Гало изјавил дека не ја обвинува полицајката и не сака да ја навредуваат затоа што смета дека „таа си ја врши работата“, но затоа персоналот и присутните треба да се засрамат од своите постапки.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено