Училиштата можат да бидат прилично страшни за некои деца, понекогаш поради оценките, насилниците или професорите. Но овие училишта влеваат страв во коските, не само на учениците, туку и на вработените, затоа што кријат морничави приказни за духови од минатото кои талкаат по ходниците.
5. Средното училиште Ли Вилијамс
Во 2013 година, директорот на средното училиште Ли Вилијамс во Кингман, Аризона, Стив Елвуд, разговараше со Лос Анџелес Тајмс за многуте приказни за духовите околу училиштето. Многу од луѓето во градот веруваат дека кампусот на училиштето е опседнат и пријавиле дека гледаат сенише на жени во преријата и мажите облечени во нивната најубава облека од претходниот век, додека присуствувале на матурирањето на учениците.
Средното училиште Ли Вилијамс се наоѓа делумно на она што некогаш биле старите пионерски гробишта. Во 2013 година, за време на изградбата на новата училишна зграда, на локацијата биле откриени единаесет гробови, седум ковчези и многу артефакти.
Заедно со вообичаените феномени на трепкачки светла, фантомски чекори и аларми кои се вклучуваат без причина, имало и извештаи за еден човек облечен во долго палто кој скитал по ходниците на училиштето, како и глас на мало девојче, кое барало да се игра.
4. Средно училиште Јанагава
Во инцидентот што започнал како масовна хистерија, 27 девојчиња се онесвестиле во средното училиште Јанагава во Јапонија откако се соочиле со „одмаздољубив дух“ во 2014 година. Едно девојче почнало да вреска, а потоа се парализирала и не можела да се движи. По неа истите симптоми почнале да им се случуваат и на останатите девојчиња. Девојчињата извикувале „Убиј ме!“ и „Умри!“. Оваа хистерија траела неколку часа.
Луѓето се сомневале дека девојките се опседнати од дух на обезглавена девојка. Некои веруваат дека духот на обезглавената девојка, за која се шпекулира дека ја прогонува областа на планината Хико и браната Абураги некако ја опседнала ученичката додека таа и нејзините соученици биле на екскурзија. Потоа девојчето го „донело“ духот во училиштето и за време на часот ги опседнал и другите ученички.
3. Тонк, Основно државно училиште
Во 2014 година, речиси 300 луѓе вршеле религиозни церемонии во основно државно училиште во областа Тонк во Индија, откако три деца се онесвестиле за време на часовите откако виделе дух. За сеништето се вели дека е една млада девојка која се обидела да ги турне кон тоалет. Инцидентот предизвикал 170 деца да не одат на училиште една недела.
За време на религиозните ритуали се тврдело дека еден од селаните што учествувал во нив бил опседнат од божеството Тејаџи, кој потоа ги предупредил родителите да вршат „пуја“ редовно за да обезбедат во училиштето да нема зло.
2. Училиштето Дирпарк, Ирска
Во 2017 година училиштето Дирпарк во Ирска стана „популарно“ во вестите, затоа што безбедносните камери снимиле како се тресат шкафовите, документи летаат наоколу и вратата се треска без човечки контакт.
Заменикот на училиштето ги видел снимките и го испратил директорот Кевин Бери да провери. Тој разговарал со медиумите и рекол дека не го разбира она што го видел и дека доколку инцидентот е само шега, тоа би требало да биде исклучително добро направена измама. Пред да се појават видео-снимките, во училиштето се рашириле гласини за натприродна активност, вклучувајќи ги и екстремните студени точки и плач низ ходниците.
1. Средно училиште Ламбертвил
Ламбертвил во Њу Џерси во еден момент беше именувано за најопседнатото училиште на Источниот брег. За среќа, зградата оттогаш е срушена. Некои луѓе пријавиле дека гледаат огнени очи што лебдат наоколу на спортско игралиште и глас што вреска. Други откриле дека го виделе духотот на поранешниот фудбалер кој го скршил вратот и умрел за време на натпреварот.
Претходниот директор на библиотеката, Харолд Дан, тврдел дека црвените огнени очи се појавувале ако некој отиде на теренот ноќе. Застрашувачки глас ќе му каже на лицето да трча. Мистериозни пораки и слики исто така се појавиле на таблите во училниците.
Училиштето постоело од 1854 година, пред да биде срушено во 2012 година. Оригиналната зграда била уништена во пожар во раните 1920-ти години, а неколку гласини тврдат дека во пожарот биле убиени 150 ученици и некои од наставниците. Се вели дека споменикот во училиштето е ставен во спомен на овој ужасен настан.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.