Вашиот паметен телефон можеби нема да се поврзе кога сте во метро, или во руралните средини или во друга земја. Но, ако сте астронаут,тогаш, вашиот телефон наскоро ќе функционира на Месечината.
Компаниите за телекомуникации Водафон Германија и Нокиа, заедно со германската автомобилска компанија Ауди и научниците и инженерите на PTScientists со седиште во Германија, ќе соработуваат за создавање на уред кој ќе нуди 4G интернет на астронаути. Овој уред ќе тежи само околу 1 килограм.
Брзината со која астронаутите ќе можат да сурфаат низ мрежата можеби нема да бидат толку брза колку што може да биде преку wi-fi (или со брзина како на Земјата), но мобилната мрежа на Месечината ќе им овозможи да останат поврзани на поголеми растојанија. Тоа ќе им овозможи на два ровери на Месечината да комуницираат директно со Земјата за време на излет на површината на Месечината.
Групата планира да го лансира уредот до Месечината во 2019 година со ракетата SpaceX Falcon 9. „Овој проект вклучува радикално иновативен пристап кон развојот на инфраструктурата на мобилната мрежа“, рече во изјавата главниот извршен директор на Водафон Германија, Ханс Аметсрајтер.
Сепак, ова не е прв пат интернетот да дојде на Месечината. Во 2014 година, инженерите на МИТ донесоа брз интернет на Месечината, поврзан со Земјата преку ласер.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.