Трогателни снимки од безбедносната камера на железничка станица во Мумбаи, Индија покажуваат како едно куче, сктиник, секоја вечер со копнеж чека еден ист воз. Во 23:00 часот, кучката стои на Платформа 1 во станицата Канџурмарг и гледа во возот кој оди за Калјан.
Таа зјапа во вагонот, кој е наменет само за жени и кога никој не излегува од него, почнува да трча по возот. Збунувачкиот ритуал, фатен на безбедносните камери на станицата уште од 2 јануари, ја поттикна теоријата дека таа го бара претходниот сопственик кој ја напуштил во станицата.
Локалниот жител Самир Торат го снимил однесувањето на малото куче минатата недела и го објавил на социјалните мрежи. Приказната за кучката станала толку популарна што локалните жители почнале да ја хранат неа и нејзините четири кутриња.
Некои патници веруваат дека нејзиниот поранешен сопственик била жена која веќе не можела да се грижи за неа, додека други се сомневаат дека кучето чека патник кој ја хранел. Самир изјавил: „Го забележав кучето додека се враќав од работа. Начинот на кој го чека ноќниот воз и како се обидува да ѕирне во вагонот за дами ме асоцира на тоа дека или чека некој кој ја хранел или пак го бара претходниот сопственик.“
Моментално локалните жители кои се грижат за кучката и кутрињата бараат топол дом каде што ќе можат да ги сместат.