Го направив ова видео со цел да инспирирам многу луѓе, кои се обидуваат да си ги променaт нивните животи. За моја среќа јас го остварив тоа што го посакував, но и покрај сѐ, во ниту еден момент не се почувствував совршен и дека сум завршил со мојата работа. Среќен сум во миговите кога ги остварувам работите кои ги замислувам. Овој пат ме гледате во најдобра форма, направив две операции за висната кожа (на градите и стомакот), од причина што повторно сакав да ги преминам границите. Операциите беа тешки. Имам лузни и стрии во моментов, но не сум сигурен дека сакам да ги отстранам. Тие ќе бидат потсетник за многу работи уште од почетокот.
За сите оние кои си ги поставуваат прашањата како да започнам да вежбам и да биде сето тоа идеално. Одговорот го знаете само вие. Со премногу експериментирање и упорност дознавате што всушност функционира кај вас. Пробав многу работи, некои од нив воопшто немаа резултат, но затоа најдов една работа која секогаш функционираше. Упорноста. Бидете инспирација на многу луѓе бидете трпеливи и упорни. Тоа е клучот до сите работи, не само во фитнесот.
Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете и своја смешна слика или видео и учествувајте во Награданта игра.