Многу книги биле напишани во затворите и доказ за тоа се Ганди, Нелсон Мандела и многу други. Но, овие луѓе веќе имале искуство со литературата пред да влезат во затворот. Сепак луѓето од оваа листа се тешки криминалци, кои не биле политички затвореници или борци за правда туку сурови убијци.
5. Џими Бојл
Во 1967 година Џими, гангстер од Глазгов, кој веќе бил осомничен за две убиства, добил доживотна казна затвор за убиство на друг гангстер. Во 1973 година бил префрлен во посебен затвор каде што затворениците ги охрабрувале да се едуцираат. Во 1977 година Џими ја напишал својата прва книга, полуавтобиографски роман наречен „Смисла за слобода.“
Во книгата се зборува за грубото воспитување на Бојл на улиците на Глазгов, неговите први злосторства и неговото подоцнежно откупување по откривањето на уметноста и литературата во затвор. Неговата книга станала толку контроверзна што весниците го нарекле „Најозлогласениот убиец на Шкотска“.
Три години подоцна Џими се оженил со неговата психијатарка. Тој добил условна казна во 1982 година и оттогаш не се вратил во затвор. Денес Бојл е успешен новелист и скулптор чии дела се продаваат за повеќе од 10.000 евра.
4. Марк Рид
Марк имал проблематично детство и станал водач на банда уште кога бил тинејџер. Тој оргабувал само криминалци и дилери на дрога, при тоа користејќи многу сурови техники. Но, во 1990 година киднапирал судија, надевајќи се дека така ќе ослободи пријател во затвор. Сепак, Марк, самиот завршил таму.
Во затворот се степал со членови на една банда и за да го префрлат во друг дел, го замолил цимерот да му го отсече увото. Планот до некаде му успеал, бидејќи кога го префрлиле во другиот дел го изболе со нож. Марк дошол до идејата да напише книга кога еден новинар погрешно известил за неговите криминални дела, па тој му се јавил да го поправи и да му објасни што се правел.
Неговата прва книга станала хит во Австралија, а добила и позитивни критики од познати автори. Потоа Марк станал стендап комичар, се заканувал јавно дека ќе ги убие мажите кои силуваат жени, а еден период бил и рапер.
3. Едвард Бункер
Едвард бил насилен уште како дете, а на 15 години забил вилушка во око на некој човек, додека на 17 години станал затвореник во затворот во Лос Анџелес, од каде што избегал откако го избол со нож чуварот, а потоа бил најмладиот затвореник во затворот Сан Квентин. Тој се заинтеренсирал за писателството кога бил сместен до ќелијата на озогласениот убиец и силувач Карил Чесман.
По 18 години криминални дела, од кои едно обвинение дека е сериски убиец, во 60-тите Едвард, по 12 одбивања успеал да ја објави неговата новела „Нема ѕвер толку суров“. Неговиот роман беше купен и прилагоден во филмот Straight Time, со Дастин Хофман, кој го игра Макс Дембо, лабава верзија на Бункер. И, се разбира, вистинскиот Бункер добил мала улога во филмот.
Тој напишал неколку бестселери, продуцирал неколку филмови и имал голем број на филмски улоги.
2. Роберт Е. Бурнс
За разлика од претходните Бурнс не бил суров човек. Во 1919 година Роберт се вратил од Првата Светска Војна уништен, затоа што неговата вереница се омажила за друг, немал работа и имал трауми. Тој почнал да ограбува продавници, а кога бил фатен од полицијата го осудиле на 6-10 години тешка работа во „синџирска банда“.
Поради тоа што „синџирските банди“ биле многу нехуман начин за казнување Роберт се обидел да избега и успеал во тоа. Тој заминал во Чикаго се оженил и успеал да создаде успешна публикација: списанието Greater Chicago. Рабтите тргнале наопаку кога Роберт побарал развод од сопругата во 1929 година. Таа бидејќи знаела дека е бегалец го пријавила во полицијата.
Роберт повторно станал дел од „синџирска банда“. За негова среќа успеал повторно да избега и во 1931 година објавил сензационални приказни со детали за неговите искуства за списанието True Detective со наслов „Јас сум бегалец од синџирска банда“. Приказните станале толку познати што добил поуда од Холивуд за снимање на филм. Се вели дека Роберт тајно присуствувал на снимањето за да им помага на режисерите.
1. Анри Шариер
Анри кој бил осуден за убиство на гангстер, успеал неколку пати да избега од затвор. Евентуално Анри решил да прочита автобиографија за криминалните авантури на Албертин Шар Разин и одлучил и самиот да напише книга.
Романот на Шариер, Папилон, бил многу успешен и станал основа за филмот со исто име, во кој играат Стив Меквин и Дастин Хофман.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.