Под еден од заоблените прозорци на Црквата на Воскресението или Базилика на Светиот гроб во Стариот град Ерусалим, се наоѓа стара дрвена скала што се потпира на ѕидот на надворешниот дел од градбата. На прв поглед се чини дека црквата е во процес на реновирање и скалата била ставена таму од страна на работник. Јасно може да се види скалата под прозорецот подолу на фотографијата од базиликата направена неодамна.
Потоа има уште една фотографија направена во 2007 година и скалата сè уште е таму.
И уште една фотографија од пред 30 години, а скалата стои повторно на истото место. Главното прашање е „зошто?“.
Всушност, скалата се појавува на секоја фотографија од црквата. И пред раѓањето на фотографијата, таа се појавувала на скици, слики и гравури. Скалата е составен дел од градежниот комплекс најмалку три века, можеби дури и повеќе.
Никој не знае со сигурност кој ја ставил скалата таму и кога. Она што го знаеме е дека тоа била таму во 1728 година – од гравура и веројатно најстариот опис на Базилика на Светиот гроб со скалата под прозорецот. Меѓутоа, првиот писмен напис кој ја спомнувал скалата, се појавил по триесет години. Некои извештаи велат дека скалата била ставена таму од страна на мајсторот кој вршел реставрација во Светиот гроб. Но, зошто не била тргната скалата кога работата била завршена?
Многу места во Светата Ерусалимска земја се почитувани од различни верски групи, вклучувајќи ги Христијаните, Муслиманите и Евреите. Одлуката кој да управува со Црквата на Воскресението била извор на многу конфликти во текот на вековите.
Базиликата на Светиот гроб има големо значење за секоја христијанска деноминација. Таа била изградена во четвртиот век на местото каде што се вели дека Исус бил распнат, погребан и воскреснат. Се разбира, секоја христијанска деноминација сака да управува со неа. Постојат шест групи на христијани на кои им припаѓа црквата и не можат да постигнат договор што да прават со скалата.
Според некои извори, прозорците им припаѓале на Ерменците, но местто каде што стои скалата му припаѓа на грчката православна црква. За Ерменците било вообичаено да стават скала под прозорецот и да се спуштат на спратот подолу за да ги гледаат церемониите на плоштадот пред црквата. Ерменците, исто така, го користеле спратот за да ја повлечат со јаже храната што им ја донеле. Ова ги навредило Грците, но тие не можеле да протестираат, бидејќи статусот квото веќе бил поставен со скалата под прозорецот.
Денес, скалата ја изгубила својата практична функција. Таа служи само како симбол на долготрајните разлики и поделби меѓу христијаните. Некои велат дека скалата служи како потсетник дека Базиликата на Светиот гроб им припаѓа на сите цркви, а не на едно тело на верници. За други, скалата ја симболизира човечката глупост.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.