„Патник низ времето“ направи извонредно тврдење дека ја видел 2118 година и вели дека има фотографија за да го докаже тоа. Александар Смит дал изјава за телевизија и рекол дека бил на „тајна мисија“ на ЦИА во 1981 година и тврди дека агенцијата е во потрага по него, по неговата наводна задача.
Во видеото тој покажува фотографија од хоризонтот на градот, но не открил како можел да стигне таму или каде се наоѓа тоа место. Замаглената фотографија прикажува ред од огромни, зелени и чудно обликувани згради во град кој не наликува на ниту еден од сегашноста.
Тој, исто така, предупреди за „многу закани“ за човечката раса и ги повика оние што живеат на земјата да се борат против глобалното затоплување за време на видеото. Г-дин Смит, кој зборува со американски акцент, рече: „Ја посетив 2118 година како дел од врвната мисија на ЦИА. Што се однесува до моите сознанија, тоа беше еден од првите обиди кога патувањето низ времето беше успешно извршено. Отидов во иднината, а потоа се вратив во минатото. Сето тоа се случи во 1981 година.“
Тој верува и дека ЦИА сè уште „го бара“ и откри дека во моментов живее „во бегство“. Г-дин Смит ја кренал фотографијата во боја и додал: Имам нешто што ќе ви покажам денеска. Оваа фотграфија беше снимена во 2118 година. Оваа фотографија беше градот во кој влегов. Никогаш нема да заборавам кога ја направив фотографијата. Тоа беше надвор од градот, пред да влезам во него. Избрав да почекам до сега за да ја откријам таа слика на вас, бидејќи не знаев дали светот е подготвен да ја види.“
Тој исто така рекол дека вонземјаните ќе ја посетат Земјата во средината на 21 век.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.