Сакате да се чувствувате како вистински детектив? Погледнете ја оваа слика внимателно и обидете се да дознаете дали сè на оваа слика е на вистинското место. Вкупно има 26 грешки кои доколку се потрудите ќе можете да ги откриете. Тоа не е толку лесно како што изгледа на прв поглед, па подгответе се да се чувствувате како Шерлок Холмс и да ја разоткриете мистеријата.
Совет: Обрнете внимание на логиката на она што се случува на сликата. Има многу мали детали кои не можат да постојат во реалноста (на пример, погледнете го полето.) Среќно со вашето пребарување. Ако сакате да ги проверите вашите решенија ќе ги најдете на крајот од статијата.
ОДГОВОРИ
- Ветерот дува во различни насоки во исто време: чадот оди десно, додека гранките налево.
- Не постои конкретно годишно време: некои дрвја се без лисја, додека други имаат лисја.
- Полињата се ораат и жнеат во исто време.
- Коњот оди во насока на веќе изореното поле.
- Нема човек да го држи плугот.
- На полето растат само дрвја.
- Највисокиот бор има различна гранка на дрвото.
- Сончевата светлина оди во различни насоки: сенките на човекот и на кучето паѓаат на различни страни.
- Портите имаат брановидна, а не права сенка.
- Портите имаат 5 хоризонтални ленти, но сенката има само 4.
- Портите немаат шарки или други уреди за да се отворат.
- Грмушката расте директно на оградата.
- Куќата нема врата.
- Завесите се наоѓаат надвор од прозорците.
- Човекот е премногу голем во споредба со куќата.
- Кучето е премногу големо во споредба со овците.
- Една овца нема нога.
- Една овца има црна опашка која изгледа како опашка на кучето.