Гробиштата се места каде што тагуваме за нашите најблиски и им оддаваме почит. Сите очекуваме дека еден ден ќе завршиме на оваа место, кога ќе ни дојде времето, но ретко кој некогаш помислил дека самата смрт може да настапи на вакво морничаво место. Од трагични несреќи до ужасни убиства, следните 10 приказни се случиле во многу бизарни околности.
10. Смртоносен надгробен споменик
Во јули 2012 година 4-годишниот Карсон Дин бил со семејството во посета на историските гробишта Гленвуд во Јута. Додека семејството ги фотографирало старите надгробни плочи, момчето отишло да се игра, тогаш еден од надгромните споменици, висок 2 метри и со тежина од 113 килограми паднал врз момчето и го убил.
9. Сомнителни околности
Во август 2016 година чуварите на гробиштата Батвиа, во Њујорк пронашле две тела како лежат до надгробна плоча. До нив имало расфрлано некој вид на дрога. Но, извештајот покажал дека немале дрога во телото. Потоа заклучиле дека во времето на смртта имало невреме и дека 34-годишниот Ричард Гарлок и 32-годишната Џенеа Маклеод починале од удар на гром.
8. Сурови убиства
Во 1994 година 28-годишните Џејмс Монгамери и Тони Карутерс, сакале да преземат контрола над бизнисот со дрога во квартот и затоа го киднапирале локалниот дилер Марчело Андерсон(21), неговата мајка Делоис(43) и неговиот пријател Фредерик Такер(17). Тие ги мачеле, ги застрелале Марчело и Такер, а потоа сите тројца ги закопале живи во гробови кои веќе биле ископани. Кога биле пронајдени тие веќе се загушиле до смрт. Џејмс и Тони добиле доживотна казна, но по 20 години Џејмс бил ослободен.
7. Сомнително самоубиство
Едно семејство на гробиштата во Кентаки, 2009 година пронашло човек обесен на дрво, а очите, нозете и рацете биле врзани. Неговиот идентитет подоцна беше потврден како 51-годишниот Бил Спаркман кој работел со скратено работно време во Бирото за попис на населението во САД. Иследниците беа ужаснати од гротескната природа на злосторството, но тие беа збунети од недостатокот на докази за борба. Исто така освен неговата немало други траги на ДНК. Истрагата подоцна потврдила дека Бил порано имал рак и мислел дека ракот повотрно се вратил и за да ги добие неговиот син парите од осигурувањето се обидел неговото самоубиство да го претстави како убиство. Од извештајот на аутопсијата било утврдено дека Бил сепак немал рак.
6. Снимено убиство
Во 1992 година 15-годишната Јоланда Нунез се самоубила така што си испукала куршум во градите. Два месеци по смртта на неговата ќерка, нејзиниот татко Емилио побарал телевизиска екипа и им рекол дека сака да им објасни некои мистериозни детали за смртта на неговата ќерка. Тој ги повикал на гробот на неговата ќерка, а исто така ја поканил и поранешната сопруга Марица. Камерата била вклучена, а во моментот кога Марица пристигнала до гробот, Емилио извадил пиштол и пукал во главата на Марица. Тој ја обвинувал дека таа е виновна за смртта на нивната ќерка, а потоа ја застрелал уште 11 пати. Сето тоа било снимено на камера.
5. Сигнали од гробот
Во 2006 10-годишниот Рајдел Хурт, возел велосипед во Феирмонт гробиштата кога на остра кривина паднал и починал. Истиот ден телото на детето го пронашол маж кој исто така го изгубил својот 11-годишен син. На денот на неговата смрт, неговата мајка ја врамила сликата која Рајдел на насликал. На неа бил претставен тој како лета во воздухот низ две дрвја, откако паднал од скејтбродот. Неговото семејство вели дека постојано го чувствуваат неговото присуство и дека на неговиот роденден, рој пчели или пеперутки го посетуваат гробот.
4. Одложена правда
Во вечерните часови во март 1992 година 15-годишната Џесика Кин била киднапирана додека чекала автобус во Охајо. Откако била силувана таа успеала да избега од киднаперот и завршила на гробиштата. Додека трчала и се криела зад надгробните плочи, удрила во една ограда и се онсевестила. Додека била во несвест нејзиниот убиец извадил плоча од 32 килограми и ја убил девојката со неа. 18 години случајот останал неразрешен, се додека со помош на новата технологија не бил откриен нејзиниот убиец. Марвин Ли Смит кој тогаш бил на условна казна поради силување, сега бил осуден на доживотен затвор.
3. Вресоци од гробот
Бремената 16-годишна Ненси Перез од Хондурас, се онесвестила и починала. Еден ден по нејзиниот погреб семејството ја посетило нејзината бетонска гробница и слушнало вресоци. Нејзината мајка рекла дека тоа е Ненси и тие почнале да ја кршат гробницата. Кога ја отвориле стаклото на ковчегот било скршено, уште топлата Ненси имала модрици на прстите и гребнатинки на челото. Иако била однесена во болница, повторно била прогласена за мртва.
Лекарите теоретизираат дека Ненси можеби претрпела тежок паничен напад кој привремено го запрел срцето во ноќта на нејзиниот колапс. Исто така е можно дека нападот со катаплексија предизвикувајќи губење на доброволната мускулна функција. Нејзиното семејство цврсто верува дека тинејџерката била закопана жива и дека таа страдала од лишување од кислород додека се обидувала да се ослободи.
2. Поврзани убиства
Во мај 1997 година чуварот на гробиштата Finn’s Point National Cemetery, Вилијам Рис добил куршум во главата од непознат напаѓач. Полицијата подоцна заклучила дека тој бил убиен поради неговиот црвен пикап, Шевролет, кој подоцна бил пронајден во гаража во Мајами. Само две улици од гробиштата каде што бил убиен Рис, бил убиен и Џани Версаче. Поврзаноста помеѓу овие двајца навидум сосема различни луѓе е нивниот убиец, Ендру Кунанан.
1. Белфаст, Ирска
На 16 март 1988 година, ожалостените се собрале на гробиштата во Белфаст во чест на тројца членови на ИРА кои биле убиени денови претходно од страна на британските специјални сили. Откако ковчезите биле спуштени во земјата, Мајкл Стоун, член на УФФ, кој се инфилтрирал, отворил оган врз толпата. Откако престанал да пука, почнал да фрла гранати кон беспомошните цивили. Мајкл бил фатен од голема, зашеметена толпа жедна за одмазда. Тој бил претепан и даден на властите.
Тој ден 50 лица биле повредени, а тројца починале, од кои уште еден член на ИРА. Мајкл бил ослободен во 2000 година, а потоа пак бил уапсен во 2006 откако влегол парламентот во Северна Ирска вооружен со секира, ножеви и експлозиви.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.