Во планинскиот венец Фреита во северниот дел на Португалија, во близина на едно село наречено Кастанхеира, има огромна гранитна карпа, која периодично исфрла мали камења. Овој редок геолошки феномен е локално познат како Pedras Parideiras, што во превод значи „карпа што раѓа“.
„Карпата-мајка“ изнесува околу 1.000 на 600 метри. Површината на карпата е покриена со испакнатини во форма на биконвексни дискови кои се помеѓу 2 и 12 см. Поради термички атмосферски влијанија или ерозија, овие испакнатини се одвојуваат од „каменот-мајка“ оставајќи темни релјефи на површината.
Овие мали камења или уште наречени „бебиња“ се составени од истите минерални елементи на гранитот како што е мајчиниот камен, но нивниот надворешен слој е составен од биотит – еден вид микашист што има многу мала механичка отпорност. Дожд или роса вода се влева во пукнатините на микашистот и кога доаѓа зимата замрзнува. Како што водата се проширува кога замрзнува, мразот делува како клин кој се впушта подлабоко и подлабоко во биотитот секоја зима, додека камењата не се принудени да излезат од гранитната карпа. Потребни се стотици зими за да се случи ова.
За локалното население, „Карпата што раѓа“ ја симболизира плодноста. Тие веруваат дека жените кои сакаат да забременат може да ги зголемат своите шанси ставајќи една од малите карпи под перницата за спиење.
Земањето на овие карпи од локацијата – кое сега е дел од Geopark Arouca и е признаено од страна на УНЕСКО поради нејзината геолошка важност – е забрането, но и покрај предупредувањата посетителите сé уште земаат примероци со нив.
Сличен феномен се вели дека се случил во близина на Санкт Петербург во Русија, но не можат да се најдат никакви информации за ова место.
Не многу одамна, имаше медиумска приказна за „карпа која несе јајца“ во Кина. Како и „Карпата која раѓа“, постои карпа која исфрла големи камења во облик на јајца на секои 30 години или приближно, според локалните жители.
„Јајцата“, се многу поголеми и потешки од португалските „бебе-камења“ – тие можат да варираат од 30 до 60 сантиметри во дијаметар и тежина до 300 килограми. Научниците имаат неколку теории, но точното потекло на овие камени јајца сè уште не е познато.
Слично на португалските камења, локалните жители сметаат дека овие карпи носат среќа и им помагаат на бремените жени да раѓаат момчиња, па семејствата секогаш ги носат дома секогаш кога ќе се најдат нови јајца. Има околу 70 јајца кои сѐ уште се прикачени на карпата, подготвени да излезат за неколку децении.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.