Холанѓаните биле толку добри во брзо лизгање, затоа што каналите на Амстердам зимно време замрзнувале и тие наместо да користат јавен градски превоз се лизгале по каналите.
Се разбира на оваа глупа претпоставка следи тролање на интернет, а меѓу духовитите коментари на Холанѓаните ќе издвоиме еден: „Летно време пак ние со пливање одиме на работа, но за тоа ќе слушнете на наредната Летна Олимпијада“ :). Вистината е дека ретко кога каналите толку многу ќе замрзнат што по некој жител на Амстердам ќе се осмели рекреативно да се полизга.