Генерал-мајорот на Министерството за внатрешни работи на Таџикистан, Сухроб Рахмонзода мораше да ослаби цели 15 килограми за да не ја изгуби својата работа.
Отпуштањата почнаа откако министерот за внатрешни работи донесе правилник, кој стапи во сила во јануари минатата година.
Според декретот, тежината на таџикистанските полицајци во однос на нивниот раст не треба да надминува одредени норми. Тоа е причината поради која началникот на кадровскиот оддел на МВР на Таџикистан, Сухроб Рахмонзода, почна да слабее.
Во текот на годината, 10 лица, кои не можеа да ослабат, беа отпуштени од работа. Но, властите соопштија дека ќе бидат вратени на должност ако успеат да ја доведат нивната тежина во нормала и ги поминат потребните физички тестови.