На видеото е прикажан шокантниот момент кога 13-годишно девојче е клоцано и удирано на улица во Лондон, еден ден откако таа удрила шлаканица на една повозрасна жена. Нападот наводно го извршила ќерката на жената. Тинејџерката во видеото подоле, кое се појавило во понеделник и рекла на постарата жена „со кого разговараш?“ пред да и удри шлаканица, по што се гледа дека жената останала видно потресена и почнала да плаче.

Сега се појави второ видео во кое што се тврди дека станува збор за истата девојка која е удирана од ќерката на жената, а додека во позадина пријател на напаѓачот извикува: „Таа и удрила шлаканица на нејзината мајка.“ Случаен минувач се обидува да интервенира и прашува „што правиш?“, додека девојката продолжува да ја клоца другата девојка. На крајот неколку луѓе успеале да го спречат нападот.

Од полицијата потврдиле дека 13-годишно девојче било уапсено за напад на жена, над 50 години и дека истото е пуштено на слобода додека да заврши истрагата. Голем дел од коментарите кои кружат по социјалните мрежи ја оправдуваат постапката на девојката.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено