Полицијата на градот Ланкастер, Пенсилванија, САД, објави смешна карикатура која ја нацртал сведок на кражба, за да помогне во идентификацијата на човекот прикажан на неа. Цртежот беше толку смешен што многумина го сфатија како шега, но осомничениот всушност беше пронајден и всушност личи на ликот од цртежот.
Сведокот опишал како типот ограбил продавница во еден трговски центар. Крадецот чекал продавачот да отиде во друг дел од продавницата, ги зел парите на брзина и си заминал. Сведокот го опишал изгледот на криминалецот и го нацртал овој цртеж. Дури и кога полицијата го објавила, морала да нагласи дека: „Го објавуваме овој цртеж со надеж дека некој ќе го препознае осомничениот. Ова не е шега!“
Некој човек на цртежот го препознал 44-годишниот бездомник Хунг Нгајен, кој целосно одговара и со описот на очевидецот. Сведокот потврдил дека тоа е човекот што го видел во трговскиот центар. Во моментот полицијата го бара осомничениот.