Во доцниот 19-ти век, Денот на вљубените бил повеќе од повод за љубовниците да ја изразат својата љубов еден кон друг со испраќање честитки и давање подароци, во западните земји. Но, исто така бил ден за омразените луѓе на пишуваат навреди за луѓето кои не ги сакале.

1. ОДЛИЧЕН ЉУБОВНИК. Еј љубовнику твоето место е дома меѓу полиците, затоа што единствениот кој би те бакнал е магаре како тебе. 2. Кога поминуваш покрај луѓето тие зјапаат- кој ти ја бира облеката кривоок мајмун?

Познат како „Кисел Валентин“, картичките биле „украсени“ со карикатури и сатирични рими со намера да се навреди и исмее примачот. Картичките биле достапни нив Америка и Европа, заедно со романтичните картички за Валентин. Најчесто картичките за Валентин и „Киселиот Валентин“ биле изработувани од ист производител.

Навредлива картичка за „талент за свирење на пијано“.

Оваа „сурова“ традиција станала популарна во Америка некаде во 1840-тите години и останала популарна скоро еден век. Понекогаш дури продажбата на картички за „Кисел Валентин“ била поголема од онаа за оригиналниот.

Навредлива картичка која сугерира дека личноста е грда.

Картичките биле правени од евтина хартија и чинеле околу едно пени, така што и најсиромашните можеле да ја искажат својата омраза, анонимно кон некои луѓе. Тие биле разменувани помеѓу соседите, непријателите, како и пријателите. Жените ги испраќале до своите непосакувани додворувачи, учениците на своите професори и работнците на непристојните шефови. Имало картичка речиси за секој вид на навреда.

Навредлива картичка за непосакуван додворувач.

Првин се праќале навредливи писма, но бидејќи било поевтино само да се свитка листот со навреда и да се запечати со малку восок луѓето почнале да „подаруваат“ картички.

Навредлива картичка за алкохоличар.

Исто така примачот морал да плати за писмото, а не испраќачот, што значи дека примачите несвесно плаќале за своите навреди. Иако намерата на картичките била да предизвикаат смеа, сепак некои луѓе ги сфатиле прилично сериозно и извршиле криминални дела.

Навредлива картичка за жена која што повеќе чита книги отколку што се грижи за надворешниот изглед.

во 1885 година сопругот си ја убил сопругата откако примил „кисела картичка“ за која бил сигурен дека е од неа. Друг човек се самоубил откако добил ваква картичка. Луѓето изгубиле интерес за „празникот“ во 1940-тите. Некои тврдат дека тоа се случило поради вулгарноста на картичките, а други пак велат дека едноставно повеќе не им бил интересен на луѓето.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено