Напуштеното куче ги освои срцта на Русите откако се појави видео во кое се гледа како кучето наводно трча по автомобилот на сопственикот откако било оставено на патот. Динка трча неколку километри по автомобилот пред за запре од исцрпеност. Корисниците на социјалните мрежи биле револтирано зошто некој ја оставил Динка, но сопственичката на автомобилот негира дека тоа е нејзиното куче и вели дека Динка е скитник кој таа често го храни кога поминува по тој пат.
Животното го ризикува својот живот, трча по патот полн со возила со цел да дојде до автомобилот. Вакви случаи на напуштање на домашни миленици се чести, не само во Русија туку и во целиот свет.
Наводната сопственичка на Динка, Дилјара Носова, излегла во медиумите за да негира дека станува збор за претходно напуштено куче, кои живее во близина на нејзината викендица заедно со нејзините шест мали кученца, кои таа ги храни кога поминува таму.
„Ја хранам и потоа таа често трча по мојот автомобил се до една продавница наречена Лерој Мерлин и потоа се враќа кај нејзините малечки.“, вели Дилјара. Сега многу луѓе сакаат да и помогнат на кучката која покажала толку голема посветеност кој единствената личност која била добра кон неа. Од локалното здружение за животни се надеваат дека наскоро Динка ќе добие дом.