Психолозите се специјалисти кои ни помагаат да ги решиме проблемите, да ги надминеме стравовите и да ги средиме нашите чувства за да можеме да бидеме смирени и здрави. Но, тие се, исто така, човечки суштества, а понекогаш и тие мора да се справат со стресот. Ви претставуваме неколку методи кои дури и професионалци ги користат за да го намалат стресот.
8. Запишете сè што ќе ви дојде на ум.
Џон Дафи, клинички психолог и авторот на книгата за воспитување на тинејџерите вели: „За да го намалам стресот, правам белешки. Мисли, ситуации, односи со луѓе, статии идеи. Јас запишувам и давам структура за сè што ми доаѓа на ум. Овој креативен процес е навистина корисен, бидејќи забораваме на проблеми, нашата глава се разбиструва, тензијата се намалува. После тоа, можам да ги видам нештата од поинаква перспектива.“
7. Бидете пребирливи кога купувате состојки за јадење што сакате да го готвите.
Психотерапевт, писател и учител Џефри Сумбер користи такви методи за да се справи со стресот:„Кога се чувствувам депресивно, сакам да јадам. Но, тоа треба да биде здрава храна или јадење што никогаш не сум го направил порано. Поминувам многу време низ продавницата додека ги купувам состојките. Потоа полека го спремам и го јадам јадењето.“
6. Стегнете ги сите ваши мускули.
Американскиот психотерапевт Кевин Чепмен го користи методот на прогресивна релаксација на мускулите, развиен во 1920 година. Идејата е едноставна: по секоја силна тензија доаѓа силна релаксација. Тоа значи дека треба да ги затегнете вашите мускули 10 секунди и потоа да се фокусирате на чувството на релаксација 20 секунди. Има вкупно 200 вежби за сите мускулни групи. Само не заборавајте да обрнете внимание на секоја мускулна група.
5. Правилно реагирајте или воопшто не реагирајте.
Психологот Сузан Краус Витборн не се бори против стресот. Таа има посебна мантра која таа се повторува кога влегува во стресна ситуација. Таа вели: „Не можам да ја променам ситуацијата, но можам да ја сменам мојата реакција“. Позитивната реакција на негативната ситуација помага да се избегне стресот и да се добие некое искуство ако го третирате како предизвик. Можете исто така да научите нешто од своите грешки.
4. Запрете го протокот на вашите мисли.
Психологот Мартин Селигман препорачува еден лесен и популарен метод кој помага да се разбистри главата.
Тропнете со рацете и извикајте „Стоп! Ќе размислувам за тоа подоцна!“ Можете исто така да носите стегач на вашиот зглоб и да се „штипнете“ кога ќе почнете да размислувате за нешто што не ви користи во тој момент. Користете такви трикови за да го прекинете циклусот на мисли и да го одложите проблемот за некое време. Потоа, пробајте да го префрлите своето внимание на необичен предмет или вежбање.
3. Одвојте еден час за вашето хоби и работите кои ги сакате.
Психотерапевтот Ејми Прзеворски препорачува секој да има периоди кога ќе прави нешто што го сака. Читање, цртање, готвење, вежбање, без разлика за што и да се работи, само да ве прави среќни. Нема работа, нема одговорност, нема негативни мисли, не треба да има ништо што ќе ве вознемири.
2. Стимулирајте ги нервите.
Тони Бернхард сугерира необичен, но ефективен метод базиран на физиологија. Лизгајте по усните со вашиот показалец. Ова движење допира до нервите кои се наоѓаат на површината на усните, што го стимулира парасимпатичниот нервен систем и помага да се смирите.
1. Пробајте различни класични методи.
Се разбира, постојат класични начини да се ослободите од стресот кој функционираат исто така.
На пример, клинички психолог и автор на книгата „Живеење со депресија“ Дебора Серани се обидува да му даде своето тело сè што е потребно. „Јас го користам сето она што ги допира моите чувства. На пример, можам само да седам во мојот автомобил и да слушам џез на радио, да цртам, да се релаксирам во топла када или да уживам во извонреден и вкусен чај.“
Терапевтот Џојс Матер користи метод со кој што за да ги исчистите вашите мисли, треба да направите нешто корисно. На пример, исчистете го просторот за работа, измијте ги садовите и така натаму. Главното правило е тоа што таа активност треба да ви помогне да го пренасочите вашето внимание и тоа треба да ви го одвлекува вниманието од размислување за она што го предизвикало стресот.
Психологот Сузан Њуман смета дека не постои подобар антидепресив од нашите пријатели.