Една 26-годишна жена на која најголема желба и била да биде учителка го сменила правецот во нејзиниот живот поради проблематичен ученик и неговиот брат. Во 2013 година, Челзи Хејли почнала да работи со Teach For America, непрофитна организација која помага да се „зајакне движењето за образовна еднаквост и добрите училишни резултати“ во училиштата со ниски приходи, се вели во извештајот на мисијата на организацијата.
Хејли добила задача да предава на учениците во основното училиште во Батон Руж, Луизијана. Тогаш таа се сретнала со четвртоодделенецот Џером Робинсон, нејзиниот напроблематичен ученик. „Во одредени моменти работите беа толку лоши што си помислив готово е, не можам да го правам ова повеќе, не можам да предавам.“, вели Хејли.
Надвор од училницата Џером и негвиот помал брат живееле со нивните баба и дедо и понекогаш со нивната мајка. Тие живееле во голема сиромаштија и биле опкружени со проблеми. Додека му предавала Хејли многу се поврзала со Џером и тој во 2015 година ја прашал дали може да живее со неа.
Хејли иако тогаш имала само 24 години решила да стане законски старател на Џером и неговиот брат кој тогаш бил бебе. Таа исто така разговарала и со мајката на децата која инсистирала Хејли да се погрижи за нејзините синови.
Откако Џером се преселил кај Хејли повеќе не прави проблеми во училиште и ги има највисоките оценки во одделението. Џером со помош на неговите оценки би сакал еден ден да добие стипендија за факултет.
Семејството сега среќно живее во Џорџија и Хејли вели дека никогаш не зажалила што решила да стане „учителка и мајка“ на овие две прекрасни деца.