Можеби не би помислиле на прв поглед дека станува збор за жител на Европа, но ова е еден од најраните жители на Британија. Реконструкцијата е заснована на 10.000-годишните остатоци на „Чедарен човек“, чиј скелет бил откриен во пештера во јужна Англија пред повеќе од 100 години. Новото истражување, заедно со првата генетска анализа на неговите остоци, откри дека веројатно имал темна кожа и сини очи.
Сега, постојат човечки остатоци од Велика Британија кои датираат од уште поодамна, но „Чедарен човек“ е најстариот најблизок до модерниот човечки скелет и најстариот антички човечки геном секвенциониран во Велика Британија. И со отварање на тајните на неговата ДНК, истражувачите откриле некои доста изненадувачки резултати.
Една од највпечатливите карактеристики на овој маж бил неговиот прилично темен тен. Сè до неодамна се претпоставуваше дека кога луѓето влегле во Европа пред околу 45.000 години, брзо се прилагодувале на животната средина и развиле побела кожа.
Но генетската анализа открила дека уште пред 10.000 години, ловците од северна Европа имале многу потемен тен, при што генетските маркери покажаа дека е најверојатно најмногу сличен на оние што се гледаат во субсахарска Африка.
Освен темниот тен човекот имал светло сини или светло зелени очи, како и темно кафеава коса. Ова е во согласност со она што другите откриени фосили од ова време во други делови на Европа сега откриваат.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.