Во историјата на човештвото има многу неверојатни жени кои постигнале големи успеси и придонеле за развој на општеството. Сепак голем дел од луѓето имаат универзална слика за жените од минатото и како се одвивало нивното секојдневие. Еве некои интересни факти кои и пркосат на таа универзална слика за необичноста на жените од древниот Рим.
Доење
Античките Римјанки не ги доеле своите деца, таа задача им ја препуштале на жените кои биле нивни робови или пак на специјално најмена жена. Античкиот лекар Соран од Ефес одобруват тоа што мајките ги заменувала доилка во првите неколку денови по породувањето, но не го одобрувал фактот што тие продолжувале да ја вршат целокупната функција.
Детство
Детството минувало многу брзо за римските девојки. Според законот, тие морале да стапат во брак на возраст од 12 години, па затоа нивното детство било одземено. Вечерта пред свадбата, од девојката се очекувало да ги напушти (отфрли) сите детски предмети, вклучувајќи ги и нивните играчки.
Старателство
Разводите биле брзи, лесни и чести во античкиот Рим. Бракот бил лепилото кое го врзува општеството и се користело за зајакнување на политичките и личните врски меѓу семејствата. Сепак, браковите можеле лесно да се прекинат кога повеќе не биле корисни за едната или другата страна.
За разлика од денес, во античкиот Рим не постоела правна постапка за развод. Бракот завршувал кога сопругот (или поретко, жената) побарал ова да се случи. Татковците исто можеле да побараат развод во името на своите ќерки, благодарение на фактот дека тие го задржувале старателството над своите ќерки дури и откако ќе се омажат. Ова му овозможувало на семејството на жената повторно да си го врати миразот, со што семејното богатство останувало непроменето. А сепак сопругот можел да има корист од миразот и да не го врати, ако (според нив) сопругите им биле неверни.
Изглед
Римските жени беа под огромен притисок да изгледаат добро. Ова делумно се должи на фактот дека Римјаните верувале дека изгледот на жената служи како одраз на нејзиниот сопруг. Поради постојаните обиди да изгледа убаво, козметичката индустрија во Рим процвета. Невообичаени методи и рецепти беа создадени, вклучувајќи пилешки маснотии и лук брчки, остригите се користеле како пилинг, а крокодилското ѓубриво се користело како вид руменило.
Образование
Образованието на жените било контроверзно прашање во античкиот Рим. Повеќето девојки студирале читање и пишување во училишта, додека некои семејства оделе понатаму и ангажирале приватни наставници за да им предаваат понапредна граматика или грчки на нивните ќерки.
Сето ова требало да ја олесни идната улога на жената во управувањето со домаќинството и да ја направи поуспешна за да биде добар придружник во животот на нејзиниот сопруг. Сепак, многу Римјани сметале дека премногу образование може да ја претвори жената во претенциозен родител.
Улогата на жените во политиката
Римските жени немале право да се кандидираат за политичка функција, но можеле да влијаат на резултатите од изборите. Постојат голем број на слики кои покажуваат дека жените биле во можност да инсистираат пред јавноста за поддршка на одредени кандидати.
Жените на политичарите, од друга страна, играле улоги кои тешко се разликуваат од оние на модерните „први дами“. Многу римски императори ја граделе идеалната слика за себе, благодарение на нивните сопруги, сестри, ќерки или мајки. Различни монети и слики биле создадени за да го претстават семејството на царот како хармонично.
Сопругите на императорите
Во литературата и киното сопругите на римските императори биле претставувани како жени кои нема да запрат, додека не ги елиминира оние кои им стојат на патот(најчесто убивајќи ги со отров).
Ливија Друсила, сопруга на Октавијан Август, го убива по 52-годишен брак, ставајќи отров во неговата храна. Агрипина го прави истото – убивајќи го нејзиниот сопруг Клавдиј, исто така со отров во неговата храна. Валерија Месалина, третата сопруга на царот Клавдиј, е запаметена по фактот што таа често наредувала да се убие секој оној што го сметала за нејзин непријател.
Без оглед на тоа дали сопругите на императорите всушност ги отруеле, овие приказни всушност го покренуваат прашањето – колку биле блиски биле жените со власта? Или како што еднаш изјавила Ненси Реган: „Во тек на осум години спиев со претседателот и ако ова не е посебен пристап, не знам како може да биде поинаку наречено.“
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.