Идеално, само црквата има моќ да прогласи личност за светец. Сепак, некои луѓе, вклучувајќи ги и лицата кои можеби не постоеле, па дури и животни, биле прогласени за светци без одобрение на било која црква.
10. Исус Малверде: Светец на дилерите на дрога.
Роден во 1870 година Исус Малверде крадел од богатите и им давал на сиромашните. Дилерите на дрога почнале да му се восхитуваат и го прогласиле за нивен светец, па дури му прават и олтари.
9. Хуан Солдадо: Светец на мигранти што ја преминуваат границата меѓу САД и Мексико.
Хуан бил војник кој наводно силувал и убил 8-годишно девојче. Тој бил осуден на смрт преку постапка наречена „закон на бегалците“. На затвореникот му било дозволено да побегне доколку не го фати разлутената толпа. Сепак Хуан не избегал. По неговата смрт чудни работи почнале да се случуваат и луѓето почнале да се сомневаат дека Хуан го сторил злосторството. Бидејќи бил жртвено јагне за злосторството кое наводно го извршил неговиот генерал, луѓето го прогласиле за светец и бараат негов благослов кога сакаат да ја преминат границата.
8. Свети Гвинефорт: Светец на децата.
Во 13-век благородник го оставил својот новороден син со неговото куче Гвинефорт. Кога се вратил дома, колевката на бебето била превртена, а на устата на Гвинефорт имало крв. Човекот помислил дека кучето го убило бебето и тој го убил кучето. Кога ја свертел колевката видел дека бебето е живо, а до него имало мртва змија која Гвинефорт ја убил. Оттогаш луѓето го сметаат кучето за заштитник на децата.
7. Мигел Ангел Гајтан
Мигел бил бебе кое починал пред да наполни една година во 1966 година, Аргентина. Во 1973 година ковчегот на бебето поради поројните дождови излегол на површина и оттогаш мистериозно се отварал иако ставале големи камења врз него. Затоа луѓето почнале да носат храна и пари и го прогласиле бебето за светец.
6. Евгениј Родионов
Кога имал 19 години, рускиот војник Евгениј бил заробен од чеченските бунтовници на 23 мај 1996 година. Пред да го убијат Чеченците му понудиле на Евгениј да остане жив доколку се откаже од Христијанството и го прифати Исламот.
5. Хозе Томас де Соса Мартинс
Хозе бил лекар во Португалија кој бесплатно ги лекувал сиромашните од туберкулоза. Тој се самоубил кога и самиот се разболел од болеста. Луѓето го сметале за херој и светец.
4. Тереза Уреа
Таа била позната како Малата Светица од Кабора. За неа се вели дека мистериозно стекнала магични способности за исцелување откако се разбудила од кома на возраст од 16 години. Првата личност што таа ја излекувала бил млад каубоец кој се парализирал откако коњот го удрил во главата на ранчот на нејзиниот татко.
3. Гаучито Гил
Гаучито бил роден во Аргентина и во тоа време имало две главни политички партии „Црвените“ и „Светло Сините“. Кога требал да се бори за Црвените Гаучито одбил и бил осуден на смрт. Еден човек успеал да собере потписи за да биде помилуван, но не стигнал на време да ги достави. Гаучито пред да биде погубен му кажал на неговиот џелат дека помилувањето е на пат и ако го убие неговиот син ќе се раболи и ќе треба да му се моли за неговото здравје. Откако бил погубен синот на џелатот се разболел и легендата за Гаучито била родена.
2. Светицата Сара: Заштитничка на Ромите.
За Сара се вели дека била една од Трите Деви, кои биле избркани од Палестина. Втората теорија вели дека Сара била жена Ромка која живеела во Камарг кога пристигнале Девите и била првата жена која го прифатила Христијанството. Сепак, Ромите не стигнале во Франција до 15-тиот век, па така дискутабилна е и оваа теорија.
1. Светица на смртта
Santa Muerte е призната како светец на смртта во Мексико. Таа е обожувана од шверцери на дрога и криминалци, иако таа исто така има и следбеници од ЛГБТ заедницата, мигранти, самохрани мајки, деца на улица, осуденици, зависници од дрога и невработени лица. За неа се верува дека е реинкарнација на Mictecacihuatl, ацтечката божица која го надгледувала годишниот фестивал на мртвите.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.