Новородено девојче е спасено во Кина откако нејзината мајка ја фрлила во канта за ѓубре на улица. Жената, наводно, се породила во јавност во Гилин, пред да го напушти бебето на студеното време на 30 јануари. Бебето било спасено од лекарите од блиската клиника, откако еден од лекарите ја забележал жената како го напушта бебето.
Новороденчето било однесено во болница на преглед, а полицијата ја бара неговата мајка. Докторката Јан Јин ја видела мајката како чучи до неколку канти за отпадоци и првин помислила дека жената извршува нужда, но потоа забележала дека фрлила нешто во една од кантите.
Јан и нејзините колеги веднаш побрзале да видат што се случува и таму го пронашле бебето кое од ниските температури станало сино.
Докторката за жал не успеала добро да ја види мајката, но смета дека има околу 30 години. Девојчето кое е родено предвремено моментално се наоѓа во болница и е во добра здравствена состојба.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!