Еден британски имам им дозволил камери да снимаат во неговата џамија за да открие како ги извршува исламските „егзорцизми“, додека ослободува жена од зли духови за 70 евра, цитирајќи го Куранот и плукајќи света вода во нејзиното лице. На видеото е прикажана една од илјадниците церемонии што се вршат секоја година во Велика Британија, каде што имамите се обидуваат да ги ослободат луѓето од зли духови или „Џин“ за кои веруваат дека се во нив.
42-годишниот имам Ајуб Тајеб наплаќа 70 евра за неговите „егзорцизми“ во неговата џамија во Шефилд. На видеото се гледа една млада муслиманка облечена во бурка, која се обидува се да се ослободи од злите духови за кои верува дека се предизвикани од црна магија. Имамот Ајуб тврди дека 29-годишната жена станала жртва на духови кои тврдат дека се вљубени во неа и предизвикале долга листа на медицински проблеми.
Нејзините симптоми вклучуваат повраќање, болка во нејзината утроба, несоница, главоболки, болка во грбот и лоша меморија, за која вели дека не може да се излечи од страна на лекарите. Таа исто така изјавила дека лесно се разлутува и почнува да вреска без причина.
Имамот и вели на жената со помош на микрофон: „Можеш ли да го најдеш Бог, можеш ли да го најдеш?“. А исто така цитира и делови од Куранот, додека жената се обидува да се одалечи од него. Кога жената ја крева масата, имамот плука „света вода“ во нејзиното лице за да ги истера лошите духови.
Ајуб направил 3000 вакви егзорцизми во рок од три години. Тој вели дека „техниката“ за извршување на егзорцизмите ја научил додека ги набљудувал другите имами и преку читање на книги.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.