Денес, има толку многу информации кои ни се достапни, што понекогаш лесно можеме да се збуниме и да не знаеме во што да веруваме. Оваа статија ќе ни помогне да дознаеме во што вреди да веруваме и кои се некои од најголемите митови во нашиот свет. Во оваа статија ќе ги прочитате митовите кои и покрај тоа што се толку распространети, сè уште остануваат лага.

9. Викинзите носеле шлемови со рогови.

Ниту еден историски наод не ја потврдува оваа теорија. Роговите на шлемовите „се појавиле“ во 19-тиот век, бидејќи на тој начин биле насликани од уметници.

8. Добивате повеќе калории кога јадете ноќе.

Не е важно кое време од денот ќе јадете. Единственото нешто што навистина е важно е бројот на калории.

7. Годишни времиња се менуваат затоа што нашата планета е поблиску до Сонцето во текот на летото и подалеку од него во текот на зимата.

Главната причина зошто на Земјата постојат четири годишни времиња е падот на земјината оска. Земјината оска е замислена линија која минува низ половите и формира агол од 23,5 степени вертикално низ својата орбита во однос на сонцето и секогаш е насочена во ист правец во текот на целата година.

6. Црните дупки се витли кои голтаат сè наоколу.

Вистинска црна дупка наликува на топка. Всушност, не постои „дупка“ во неа, што би влечела нешто внатре. Тоа е само објект со силни гравитациони ефекти и привлекува сè што е во близина.

5. Постои фотографска меморија.

Не постои научен доказ за постоење на фотографска меморија. Извонредната меморија е прилично резултат на користење на мнемониски техники отколку природна способност дадена од природата.

4. Свежиот зеленчук е поздрав од варен зеленчук.

Вреди да се спомене дека ова правило не важи за сите зеленчуци. Оние кои подобро е да се јадат варени се моркови, домати, компири, зелка и цвекло. Корисните минерали од варениот зеленчук се апсорбираат 6-7 пати подобро отколку кај сировиот и покрај фактот дека некои од витамините се губат за време на термичкиот третман.

3. Здравите заби се секогаш бели.

Премногу белите заби се патологија, знак на болест и недостаток на калциум во човечкото тело.

2. Доколку допрете жаба, се појавува брадавица.

Брадавиците се предизвикани од вирус кој ги напаѓа само луѓето – Папилома. Тие не можат да се пренесат од животни со брадавици.

1. Земјата е совршен круг.

Нашата планета постојано се менува, како што се менува и нејзината форма. Тоа се случува поради континуираното движење на континенталните плочи. Сепак, стапката на овие движења е мала – околу 5 см годишно. Сепак, тоа влијае на изгледот на нашата планета, затоа е доста далеку од совршен круг. Всушност, тоа повеќе наликува на круша или деформиран балон.

 

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено