Многу теории на заговор не измачуваат со децении. Секоја година луѓето се бидуваат да им дадат нова перспектива на историските настани. Понекогаш дури откриваат невообичаени факти од биографиите на познати личности. Некои теории на заговор звучат смешно и ретко кој ги сфаќа сериозно, но некои звучат прилично разумно и логично и затоа луѓето сакаат да ја откријат приказната што се крие зад нив.
1. Вилијам Шекспир. Дали постоел, или не постоел? Тоа е прашањето.
Многу луѓе не веруваат дека Шекспир постоел затоа што немал доволно образование за да ги напише своите дела(затоа што не бил од благородна фамилија). Во филмот Анонимус од 2011 година Шекспир бил прикажан како просечен актер кој ги земал заслугите за сите дела напишани од Едвард де Вер.
2. Хитлер починал од старост во 1984 година.
Како што веројатно знаете, на 30 април 1945 година, Адолф Хитлер извршил самоубиство во неговиот подземен бункер. Неговото тело било пронајдено и идентификувано. Но, тоа не е толку едноставно.
ФБИ ги декласифицира документите кои тврдат дека Хитлер уживал во мирен и спокоен живот по завршувањето на војната. Прво, се криел во Аргентина, а потоа се преселил во Бразил. Авторот на книгата „Хитлер во Бразил – Неговиот живот и смрт“, пишува за ова. Според нејзината верзија, тој отишол таму со причина – тоа не било случаен избор. Имал мапа со обележано место кое што водело до богатство.
За да се сокрие, Хитлер го променил своето име во Адолф Лајпциг и имал врска со црна жена чие име се Кутинга. Но, локалното население сѐ уште го нарекува „стариот Германец“.
3. Петар I бил тајно заменет по неговата Голема амбасада.
Легендите за „лажниот цар“ почнале да се шират откако се вратил од Европа поради реформите што ги направил Петар. Ја избричил брадата, почнал да носи странска облека, тутун – луѓето биле загрижени за европеизација. Освен тоа, многу луѓе забележале некои промени во изгледот на Петар I: станал постар и повисок. Тој ги испратил сите роднини во манастир. Очигледно, тој не сакал да ја откријат вистината.
Теоретичарите на заговор исто така тврдат дека Петар престанал да ужива во сите руски традиции, па дури и заборавил како правилно да пишува на својот мајчин јазик. Според оваа теорија, вистинскиот цар бил заробен и чуван во тврдина. И според една од верзиите, тој бил „Човекот со железната маска“.
4. Џим Морисон ја лажирал својата смрт и заминал на Сејшелските острови.
Џим Морисон, лидерот на The Doors и еден од најголемите пејачи на сите времиња според магазинот Ролинг Стоун, почина во 1971 година поради откажување на срцето. Тој бил многу млад, исто како и другите членови на 27 клубот. Сепак, единствената личност која го видела неговото мртво тело била неговата девојка, Памела Курсон. Ова ги натерало другите луѓе да се сомневаат во самиот факт на смртта на пејачот. Постои легенда во која се вели дека Морисон ја лажирал својата смрт. Според Рејмонд Манзарек (клавијатурист на бендот) во својата книга „Поетот во егзил“, Морисон заминал во Сејшелите.
5. Аврил Лавињ има двојничка од Бразил која настапува наместо неа.
Според некои луѓе, канадската пејачка Аврил Лавињ починала во 2003, а наместо неа настапува нејзината двојничка Мелиса. Девојка која изгледа како Аврил почнала да пишува свој блог во 2000 година и напишала дека пејачката не можела да се справи сто смртта на нејзиниот дедо и извршила самоубиство. Затоа, Мелиса морала да и помогне и да ја одигра улогата на Аврил. Изненадувачки, оваа теорија има собрано многу следбеници. До ден-денес, луѓето на Твитер дискутираат за нејзините фотографии и видеа и ги споредуваат со податоците од минатото.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.