Сожалувањето не е комплимент. Наместо да сожалуваме некого подобро е да покажеме трпеливост, да покажеме поддршка и да се грижиме за луѓето. Луѓето во оваа статија се неверојатно инспиративни примери на сила и упорност. Нивните приказни сигурно ќе ве инспирираат да се потрудите во животот најдобро што можете.
Џон Брамблит никогаш не ги видел своите слики.
На 30-годишна возраст, Џон го изгубил видот поради компликации од епилепсија. Откако ја надминал депресијата и вознемиреноста, го нашол спасението во уметноста. И сега Брамблит е еден од најпознатите модерни американски сликари.
Чувството на допир го заменило видот на уметникот и развил специјална техника за создавање на слики. Тој прави скица со мат боја, оставајќи опиплива ознака на платно, а потоа ја наоѓа потребната површина на испакнатите контури и ја исполнува со боја.
Џон избира бои и создава нијанси преку допир, исто така. Маслените бои се разликуваат во структурата: некои се повеќе вискозни и густи, додека други се повеќе водени. За да ја добие вистинската боја, уметникот едноставно ги меша боите за да ја добие саканата конзистентност.
Хју Хер од алпинист до протетичар
Хју кога имал само 8 години се искачил на првиот планински врв. Но на 17-годишна возраст се случила ужасна трагедија. Тој и неговиот пријател останале заглавени на планина 3 дена и поради сериозни смрзнатини морале да му ги ампутираат двете нозе.
По операцијата Хју ветил дека ќе му се врати на алпинизмот. Така започнала неговата кариера во протетиката. Отпрвин, тој создал протези за себе од импровизирани материјали, но тие биле непријатни за носење. Потоа решил да го избере патот на науката и дипломирал на 3 универзитети, последниот од нив бил Харвард, каде што Хју Хер добил докторат по биофизика.
Денес, Хју Хер е шеф на истражувачка група во лабораторијата МИТ Медиа Лаб, каде што развива бионични протези на нозете. Научниците веруваат дека едно лице не може да биде несовршено, туку само технологијата може да биде несовршена.
Нил ДиМарко живее во целосна тишина уште од детството.
Тешко е да се поверува дека овој харизматичен и убав човек има некои здравствени проблеми, но има причина зошто тој е на нашата листа. Неколку генерации на семејството Димарко имале проблеми со слухот, а Нил не ја заобиколил оваа судбина – тој бил роден глув.
Нијл не може да слуша, дури и со помош на слушни помагала. Но, тој совршено чита од усните и смета дека неговиот мајчин јазик е ASL – американски знаковен јазик.
Ако зборуваме во кратки црти за достигнувањата на ДиМарко- тој е модел, актер, како и добитник на една од сезоните на шоуто Американски топ модел и Танцување со ѕвездите. Нил ги посветува сите негови победи на 70 милиони глуви луѓе на планетата.
Шејтан Тенет има машинка за тетовирање наместо рака.
Тенет ја изгубил десната раката уште кога бил дете, но имал голема желба да стане тату-мајстор, но не можел да најде човек кој ќе сака да го научи. Откако Тенет научил да тетовира со левата рака, го запознал инженерот по име Жан Луи Гонзал кој создал уникатна протеза за рака со вградена машинка за тетовирање.
Протезата се покажала како голем успех, но Гонзал сака уште да ја модифицира за да му биде поудобна на Тенет.
Гордеј Тришенков има ограничени способности, но има и неограничена љубов за фотографирање.
Гордеј од раѓање има протези на двете нозе, нема лева рака до лактот и нема десна рака. Но тоа не го спречило да дипломира, да се ожени и да заработува од своето хоби. Гордеј ги научил речиси сите негови професионални вештини со помош на интернет. Тој не се смета себеси за инфериорен и неговото искуство докажува дека сè може да се постигне се додека некој има доволно желба и упорност.
Тони Мелендез ја свири гитарата без раце.
Композиторот, пејачот и текстописецот Тони Мелендез сонувал да свири гитара целиот свој живот, а отсуството на раце од раѓањето не станало пречка за исполнување на неговата желба.
Научи да го свири инструментот со помош на нозете и наскоро станал популарен низ целиот свет. Од 80-те, Тони прави концерти, а исто така напишал книга и е мотивациски говорник.
Викторија Модеста е бионска пејачка.
Уште од нејзиното раѓање Викотирја не можела да ја користи едната нога. До нејзината 20-годишна возраст, таа се обидела сè и сешто во надеж дека тоа ќе се подобри. Во еден момент, девојката ги молела лекарите да ја ампутираат ногата, бидејќи почнала да гледа нови можности за губење на екстремитетот, наспроти ограничените можности со нефункционален екстремитет.
Откако се ослободила од ногата која и била голема пречка, Викторија станала модел и пејачка. Нејзиното видео „Прототип“ има 8,5 милиони прегледи, а нејзиниот портрет, насликан од Џејмс Страуд, стана декорација во Националната галерија на портрети во Лондон.