Мајка од Мајами била изреволтирана од однесувањето на полицијата кон нејзиниот 7-годишен син, на кој му ставиле лисици и го однеле во институција за ментално болни, затоа што од неговото училиште тврделе дека детето удрило учителка. Мерси Алварез, мајка на момчето им дозволила на медумите да го прикажат лицето на нејзиниот син, за да покаже како влијае ваквото однесување на полицијата врз децата.
„Не грижи се љубов моја!“, Алварез го теши нејзиниот син во видеото. „Ова е полициска злоупотреба, каприц на полицаецот затоа што мојот син беше смирен кога тие прстигнаа. Директорот, психологот и уште две други лица се обиделе да го спречат таквото дејствие, но тие сепак го земале детето.“, вели Алварез, која работи како телевизиски и радио продуцент.
Според законот во САД, ако детето исполнува одредени критериуми за однесување со кое би можело да биде опасност за себе и за другите, полицијата мора да го задржи детето и да го подложи на психијатриско оценување. На видеото се гледа како го внесуваат детето во болницата Никлаус. Неговата мајка вели: „Тој нема ментално растројство!“
Од училиштето тврдат дека момчето ја нападнало учителката во ходникот и ја клоцало додека не паднала на земја. Сепак неговата мајка тврди дека детето би немало толку голема сила да го направи тоа и таа смета дека реакцијата на полицијата била претерана и на нејзиниот син може да му донесе само трауми.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!