Еден пастув успеал да ја спаси неговата сакана за само 10 минути, откако нивните сопственици се обидувале да го направат тоа цели шест часа. Кобилата Беатрис била пронајдена падната со лицето надолу во нејзината штала во Лангриџ, откако претходно страдала од тешка абдоминална болка. Бидејќи болката била толку голема колку повеќе време таа останувала на земјата толку поголем бил ризикот од фатално откажување на органите.
Нејзините сопственици Доналд Макинтир и неговата сопруга Џејн Липингтон се обиделе и не успеале да ја кренат во текот на шест часа и решиле да ја успијат. Кога била само неколку минути оддалечена од смртта кога нејзиниот сакан Беј интервенирал. Беј гледал во тишина како неговиот сакан партнер се бори со силни болки. За неколку минути Беатрис требала да биде успиена и му било дозволено да ја види.
Сопственикот Доналд изјавил: „Тој го помина целиот ден во соседната просторија, гледајќи ја Беатрис. Тој тивко гледаше, ништо не јадеше. Само гледаше. Ветеринарот рече дека не изгледа добро. Луѓето стоеја околу неа и плачеа и размислувавме за тоа дека треба да ја успиеме. Потоа, дозволивме да ја види Беј и му беа потребни само 10 минути за да ја крене на нозе.“
Нивните сопственици велат дека коњите се заедно веќе 10 години и сакаат да се дружат, избегнувајќи ги останатите коњи. Иако Беј е прилично силен коњ, тој секогаш и дозволувал на Беатрис прва да јаде, а заедно имале четири ждребиња. Беатрис има 16 години, а Беј 11 години. Сопствениците се обиделе и да ја врзат за трактор за да ја кренат, но и тоа не успеало. Очигледно единствениот лек за Беатрис била љубовта на Беј.
Веќе се знае дека коњите имаат способност да ги препознаваат емоциите еден во друг, но истражувачите открија пред две години дека со припитомување од страна на луѓето коњите учат од нив како да бидат „сопружници“ и се адаптираат. Научниците од Универзитетот Сасекс, исто така, во февруари 2016 година откриле дека коњите можат да прават разлика помеѓу среќни и лути изрази на човечките ликови и дека нивниот срцев ритам се зголемува кога ќе видат изнемоштено лице.