Во американските затвори, расната сегрегација станува се повеќе видлива и поакутна, со тековни расистички и етнички конфликти. Како резултат на тоа, се формираат неформални групи чии членови заедно се борат против другите банди. Денес во САД највлијателните се шест затворски групи кои се здобиле со влијание и сила за активно дејствување надвор од затворите.
Ариевско братство
Најпозната и силна затворска група е Ариевското братство, кое обезбедува заштита на белите затвореници. Основана како затворска организација во 1967 година во затвор Сан-Квентин, оваа банда стана криминален синдикат кој одржува блиски врски со мексиканската и италијанската мафија. Братството ги смета црнците како најголеми непријатели. Често, „ариевците“ и црните банди водат вистински војни. Членовите на Ариевското Братство се дефинитивно аполитични. Симболите на бандата се: свастика, ирска детелина со четири листови и иницијали АБ, кои членовите ги тетовираат на грбот или зглобот.
Нета
Членови на групата Нета се главно Порториканци. Организацијата е основана во 1970 година. во затворот Педрас, Порто Рико. Нејзината првична цел била да се стави крај на насилството меѓу затворениците. Сега бандата се дефинира себеси како културна организација и претпочита да остане во сенка на повеќе сурови, но помалку криминални структури создадени од латиноамериканските криминалци.
Нејзините членови се патриоти и тврдат дека се борат против „американското угнетување“. Симболот на организацијата е срце прободено со знамето на Порто Рико и раката со вкрстени прсти, така што на јазикот на глуви луѓе тоа значи буквата „Н“. Боите на бандата се црвени, бели и сини, понекогаш црни.
Семејство на црната герила
Бандата е формирана 1966 година во затворот Сан Квентин, една година пред Ариевското братство. Оваа група е најмногу политизирана меѓу американските затворски групи. Таа е создадена како револуционерна организација чија идеологија е мешавина на марксизмот-ленинизмот и маоизмот. Првично, „герилците“ се залагаа за искоренување на расизмот и соборување на владата на САД. Оваа антивладини идеологија се рефлектира во нивната симболика: двете најпознати амблеми се „змеј напаѓа затворска кула“ и „вкрстени мечови и револвер“. Членови на бандата можат да бидат само црнци. Напуштањето на бандата е казниво со смрт.
Мексиканска мафија
Групата е формирана во 1950-тите во реформаторско училиште за малолетни престапници. Таа сега е најактивната банда според бројот на инциденти кои ги предизвикува. Мафијата прифаќа само Латиноамериканци. Нивниот смртоносен непријател е уште една латиноамериканска затворска група „Нашето семејство“. „Мексиканската мафија“, исто така, знае да ги брани затворениците, членовите на легендарниот италијански криминален синдикат „Коза Ностра“. Идеологијата на групата е базирана на етничка солидарност. Организацијата често убива да ги казни сторителите и да се почитува од припадниците на другите криминални групи. Убиствата извршени од неа се особено сурови.
Нашето семејство
Оваа банда е основана во средината на 1960-тите во Калифорнија, првично за заштита од мексиканската мафија. Непријателството меѓу овие две групи се базира на културни и психолошки разлики меѓу Мексиканците: луѓето од градовите (мафијата) и руралните области (семејството). „Нашето семејство“ главно ги вклучува етничките Мексиканци од провинциските региони на САД. Организацијата ја смета својата примарна цел да ги заштити помладите и новодојдените затвореници. Но, борбата за моќ ја претвори групата во криминална банда чијашто вистинска цел е да го контролира протокот на криумчарење во затворите. Членови на Нашето семејство може да се идентификуваат со црвена крпеница на облеката, но нивната најважна особина се големите тетоважи насекаде, на кои е прикажано сомбреро со нож или иницијали „LNF“.
Тексашкиот синдикат
Тексашкиот синдикат е основан во раните 1970-ти во Фолсам, Калифорнија. Како и многу други слични структури, првично за самоодбрана од други банди. Идеологијата на групата е расистичка и се базира на идејата за латиноамериканска надмоќ над белите луѓе. Член на синдикатот се нарекува „брат“, почетниците се „кардинални“, а лидерот е „претседател“. Амблемот е буквата Т на десната подлактица, внимателно скриена меѓу другите тетоважи, обично змеј, орел, змија и нож.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.