Џина Овен била принудена да го гледа во живо ужасното видео во кое негувателката Стејси Џорџ ја удира нејзината 78-годишна мајка Сабина Марсден по рацете, а потоа ѝ го зема ќебето притоа велејќи и дека „смрди“. Џина го гледала инцидентот од нејзиниот мобилен телефон во живо, откако претходно поставила скриена камера.
Поранешната негувателка почнала да ја напаѓа Сабина само 10 минути откако од куќата заминала нејзината втора ќерка, Меди. Таа освен што ја удирала по рацете старицата ѝ, рекла: „Боже колку смрдиш.“ Во снимката, г-ѓа Овен може да се слушне како ѝ вели на негувателката: „Стес, ќе морам да ти кажам да си одиш. Наместив камера тука и те видов како ја удираш мама оваа утро и го влечеш ќебето и ѝ кажа дека смрди. Оди си.“
Џорџ беше отпуштена од „Мега нега“ откако нападот излезе на виделина, но како „казна“ ѝ била дадена мерка на претпазливост и покрај признавањето на нападот. Г-ѓа Овен рече: „[Предупредувањето] не е ништо повеќе од шлаканица на зглобот, не можам да го разберам. Ако јас ја удрив тој ден ќе поминев многу полошо од неа. Таа никогаш не требаше да помине со претпазливост. Тоа навистина е напад. Го гледав нападот во живо од работа. Мојата мајка е прекрасна личност и заслужува многу подобро од ова.“
Полицијата од Нортемптоншир изјавила дека се подготвени да се сретнат со семејството за да разговараат за нивната одлука. Сестрите г-ѓа Овен и 48-годишната Меди Астон се грижат за својата мајка по вечерните часови и за време на викендите, но им требала негувателка да се грижи за неа во текот на денот откако нивниот татко Малком починал во август 2015 година. Тие почнаа да се сомневаат дека нивната мајка била подложена на напади откако нејзиното здравје почнало да се влошува.
Откако однесувањето на негувателката било откриено, здравјето на Сабина во голема мера се подобрило. Таа сега зборува повеќе и јаде и спие подобро. Од инцидентот, семејството на г-ѓа Марсден вели дека добиле сметка од „Мега нега“, која тие одбиваат да ја платат.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!