Дали вашето момче постојано постира селфи фотки на Инстаграм? Колку и да ви се чини симпатично, ова може да се знаци на сериозни проблеми со менталното здравје.

Според истражување спроведено во Државниот универзитет на Охајо, САД, мажите кои често прават селфи имаат психопатски тенденции повисоки од просечното ниво.

sl01

Психопатијата вклучува недостаток од сочувство и обѕир кон другите како и тежнение кон импулсивно однесување.

Згора на тоа, мажите кои претпочитаат да ги едитираат нивните селфи слики пред да ги објават се рангирале повисоко на тестовите за нарцисизам и самообјективизација.

sl02

Нарцисизмот се карактеризира со верување дека сте поумни, попривлечни и подобри од другите, но под сето тоа се длабока несигурност во себе.

„Не е за изненадување тоа што кај мажите кои често се сликаат себеси и потоа поминуваат долго време во усовршување на сликите има поголема веројатност да се арцисоидни, но за првпат ова е научно докажано“- вели Џеси Фокс, главниот автор на истражувањето и асистент на Државниот универзитет на Охајо.

„Но уште поинтересно е тоа што имаат и некои други антисоцијални карактеристики, психопатија и се посклони кон самообјективизација“.

Со истражувањето биле опфатени 800 мажи на возраст од 18 до 40 години коишто пополниле онлајн анкета за нивото однесување на социјалните мрежи.

Сподели на Facebook
пати видено