68-годишниот Мајкл Џојс боледува од Алцхајмерова болест и тој заборавил дека бил 34 години во брак со неговата 64-годишна сопруга Линда Џојс. „Најсреќниот ден во животот“ на Линда бил во сабота, откако една недела порано нејзиниот сопруг ја запросил, повторно. Линда била премногу изненадена што нејзиниот сопруг успеал да се сети дека ја запросил пред една недела.
Мајкл бил дијагностициран со Алцхајмерова болест во 2010 година, а подоцна и со дисфазија откако почнал да покажува тешкотии во говорот. Линда вели дека дошол до неа додека изгледал „прилично возбуден“. Таа вели: „Го фатив за рацете и го прашав што се случува. Тој ме погледна директно во очите и со пелтечење ме праша:’Ќе се омажиш за мене?’ Бев навистина зачудена, но останав смирена и му кажав: ‘Драги, секако дека би сакала да се омажам за тебе.’“
Линда веднаш почнала да ја организира свадбата, но се плашела дека Мајк ќе заборави дека ја запросил. Нејзиниот сопруг ја изненадил, бидејќи на утрото на венчавката, кога ги отворил очите и кажал: „Денес е тој ден!“. Нивната венчавка ја направиле до езерото Хамилтон, во присуство на најблиските пријатели и луѓе на кои што Мајкл сè уште се сеќавал.