Татко на смртна постела го замолил неговото семејство да се погрижи неговите две девојчиња никогаш нема да го заборават. Нил Купер, графички дизајнер од Браншолм, Хул, бил дијагностициран со рак на хранопроводот откако го посети својот лекар, жалејќи се на потешкотии со голтање. Тој починал во болницата во Западен Јоркшир шест недели подоцна, на 35 години, оставајќи ги зад себе ќерките Скарлет и Сиена. Скарлет има седум, а Сиена пет години.

Мајката на Нил, 63-годишната Силвија Максвел, дала изјава во која ги пренесува последните желби на нејзиниот син: „Нил знаеше дека не му остана многу време. Имавме мајка и син разговор. Тој ми рече: ‘Ве молам погрижете се моите девојчиња никогаш да не го заборават Тато.’ Тој многу ги сакаше девојчињата. Сè ќе направеше за нив. Заедно одеа на пливање, во парк и многу сакаа да готват заедно.“

Ракот на хранопроводот(долгата цевка која носи храна од грлото до стомакот) главно се појавува кај луѓето во 60-тите и 70-тите години. „Нил беше во добра форма и здрав. Лекарите не можеа да разберат зошто некој на возраста на Нил би имал таков тип на рак.“, вели Силвија.

Купер бил дијагностициран на 20 ноември, а два дена подоцна му ставиле стент за да му помогне во голтањето. „Нил издржа да го дочека роденденот на Скарлет на Божиќ, неговиот роденден беше на Бадник. Секоја година Нил ги носеше девојките во куќата на Дедо Мраз, но оваа година таа дојде кај нас. Персоналот од болницата ја уреди болничката соба за да може тој да ги види девојките како ги отвараат своите подароци. При крајот ми кажа: ‘Мамо ова е последен пат што ги гледам моите девојчиња. И на двете девојчиња им беше кажано дека на Тато не му е добро, за да не го гледаат во таква состојба во последните моменти.“, објаснува мајката на Нил.

Нил се развел од неговата сопруга Рајли Дрејк пред четири години, но редовно се гледал со неговите ќерки. Братот на Нил, Ли Купер вели за неговиот брат дека тој бил паметниот во семејството: „Тој беше тивка и повлечена личност. Ги сакаше своите компјутери. Откако го заврши образованието направи своја игра „Црно и бело“ која на продаде на Microsoft. Сè уште може да се купи до ден-денес.“ Нил имал и девојка, Дебра Тој, која исто така е графички дизајнер.

Сподели на Facebook
пати видено