Сопружници од Русија ќе се соочат со судење откако биле обвинети дека ја силувале нивната 12-годишна ќерка. Мајката на девојчето и кажала на полицијата: „Подобро ние отколку некој манијак.“ 34-годишиниот маж и жена се обвинети за педофилија откако својата ќерка ја претвориле во „сексуален роб“. Тие моментално се во притвор во Волгоград и ако бидат осудени би добиле затворска казна од 20 години.
Од полицијата тврдат дека девојчето било подложено на ужасни и чести сексуални злоупотреби од декември 2016 до март 2017 година. Неименуваниот татко е обвинет за силување на девојчето, најчесто со мајката на истиот кревет, секој втор ден. Таа е посебно обвинета за сексуално мачење на детето со „вештачки пенис“. Пред кривичното судење родителите биле лишени од нивните родителски права, што значи дека никогаш нема повеќе да се грижат за своето дете.
Девојчето е ставено под заштита. Мајката изјавила пред полицијата дека и таа била силувана кога имала 13 години. Таа тврдела дека таа и нејзиниот сопруг сакале „да ја обучуваат нивната ќерка за возрасниот живот.“ Ужасниот третман врз девојчето бил забележан од гинеколог, кој таа го посетила поради „проблеми во нејзиниот менструален циклус.“ Лекарот открил дека таа не е „невина“, а девојчето им раскажало за сексуалната тортура која ја доживувало и случајот бил пријавен во полиција.
Брачниот пар верува дека е „подобро детето да ја изгуби невиноста со својот татко“ отколку да ги научат деталите за сексуалниот живот на други начини. Девојчето било принудено да спие во истиот кревет со нејзините родители каде што била подложена на сексуални напади. Мајката на девојчето признала дека тие сите заедно правеле „тројка“. Од полицијата велат дека иако бабата и дедото на девојчето живееле во истиот дом, не знаеле за сексуалната злоупотреба.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!