Добро познат руски урбан алпинист таканаречен „руфер“ (од англ. roof – покрив) кој редовно ги освојувал високите згради е пронајден како виси, мртов од покривот на студентскиот дом покриен со снег и мраз. Смртта на 26-годишниот Евгениј Тихонов е обвиткана во мистерија, а од полицијата велат дека нема знаци на самоубиство. Кога бил пронајден од неговите нозе виселе мразулци, а главата му била покриена со снег.

Ужасната глетка, 12 метри над земјата била забележана од млада девојка во Анжеро-Судженск, град кој се наоѓа 100 километри северно од Сибирскиот град Кемерово.

Таа ги предупредила возрасните кои ја повикале полицијата. Неговото тело изгледало како да виси од зградата долго време, но локалните извештаи сугерирале дека починал само два часа пред да биде забележан.

Температурите паднале на минус 27 ° C во текот на ноќта, неколку часови пред трагедијата. Евгениј бил познат руфер во таа област, а исто така работел и на поправка на многу високи згради.

На неговиот профил на социјална мрежа може да се види дека тој се качувал на згради кои биле многу повисоки од онаа каде што починал. Тој живеел и работел во Анжеро-Судженск и имал девојка.

Спасувачите, полицијата, Руската национална гарда и инспекторите биле повикани на местото на трагедијата. Истрагата е во тек во врска со околностите на неговата смрт.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено