Lightyear One, автомобил чија способност да користи соларна енергија се смета за невозможен подвиг, само што освои награда за „Иноватор во климатските промени“. Дизајниран од холандската стартер компанија Lightyear, „автомобилот што се полни сам“, наводно, може да се вози со месеци без полнење и има опсег од 400-800 км. Но, дали е возможно да се креира автомобил со целосно соларен погон?
Со години, концептот на „автомобили со соларен погон“, „лебдеше“ над електричната автомобилска индустрија како надежна, можна иднина. Но, постојат многу кои тврдат дека овој концепт не само што е непрактичен, туку во основа е невозможен. На пример, сончевиот покрив кој беше дизајниран за напојување на Toyota Prius беше корисен само во комбинација со традиционален систем за полнење на батерии и додаде дополнителни 6 километри во опсегот, што не е толку импресивно.
Еден инженер дури и го пресметал капацитетот на моќност на автомобил со сончев покрив под оптимална количина на сончево зрачење, а резултатите се разочарувачки. Инженерите ја мерат брзината на работа на моторот во коњски сили. Автомобилот опремен со сончев покрив имал брзина од 6,4 коњски сили. За споредба, инженерот Том Ломбардо рекол: „Мојата косилка има 18 коњски сили.“
Првите 10 автомобили на Lightyear ќе бидат објавени во 2019 година. До сега возила на целосно соларна енергија не се сметале за реалистична перспектива. Но, од Lightyear велат дека ќе го воодушеват светот со автомобил кој што, не само што е напојуван единствено од сончева енергија, туку и ќе ги надмине некои од конвенционалните предизвици поврзани со технологијата, како што се наизменичноста и ниските перформанси.