На Чарли Даутвајт, кој сега има 14 недели, очајно му била потребна трансплантација на срце, откако се родил во Кралската амбуланта Викторија, во Њукасл, затоа што бил роден со половина срце. Тој се сметаше за најмалото бебе кое чека трансплантација на срце во Велика Британија. Апелот кој беше испратен до цела Европа, вроди со позитивен резултат и малиот Чарли во декември беше на операција која му го спаси животот. И сега, малиот борец, кој е моментално во болницата Фримен, за првпат се насмевна.
„Јас го фотографирам Чарли секој ден, затоа што бебињата се менуваат толку брзо. Направив една фотографија од него каде што изгледаше многу намуртено и така почнав да се смеам и тој ме погледна и се насмевна. Тое ме преплави со емиции, беше неверојатно. о тој момент заборавив на сето она што го поминавме. Јас само видов убаво бебе кое ми се смешка и изгледа среќно. Тоа дојде од никаде. Таткото на Чарли, Стивен беше со мене, но тој воопшто не забележал, морав да го подбуцнам, а потоа сликав колку што можев побрзо.“, вели мајката на Чарли, Трејси Врајт.
Чарли, кој е роден на 2 октомври, постепено се подобрува откако му била извршена операцијата. Трејси која е мајка на уште две деца, вели дека му пишала на семејството од кое било донирано срцето за Чарли. „Му пишав на семејството доколку сакаат да контактираат со нас. Не можам со зборови да ја опишам благодарност што ја чувствувам кон нив. Тие ни го дадоа најскапоцениот подарок. Важно е да ја почитуваме нивната приватност, но доколку би сакале да се сретнат со нас би биле повеќе од среќни.
Проблемот со срцето на Чарли бил дијагностициран кога Трејси била во 20-тата недела од бременоста. Тој имал хипопластичен синдром на лево срце, состојба која ја остава левата страна на органот недоволно развиена и истата не функционира правилно. Неговата аорта беше исто така била тесна и имало дупка во неа и имало уште една дупка меѓу две од коморите на срцето.
Но, неговите родители одлучиле да продолжат со бременоста и да му дадат шанса на Чарли да преживее. Чарли сега уште се наоѓа во болницата додека целосно не се опорави.