Многу луѓе би кажале дека сакаат да изгледаат „нормално“. Но, каде е границата за нормалниот изглед? Очигледно е дека секоја личност си има својта претстава за убавина и различноста треба да се почитува. Овие неколку луѓе по природен пат или пак намерно одлучиле да си креираат уникатен, а понекогаш и екстремен имиџ.
Жена-вампир
Марија Хозе Христена е мајка на четири деца, тату-мајстор и поранешен адвокат. 90% од телото на Марија е покриено со тетоважи. Покрај тоа, има пирсинг, поткожни титаниумски плочи, создавајќи илузија на рогови и импланти на чудни заби, поради што ја нарекуваат жена-вампир. Таа е многу позната и често се појавува на телевизија.
Машкиот рекордер за пирсинг доаѓа од ИТ секторот
ИТ специјалистот Ролф Бухолц (55), кој живее во Германија има по телото 453 метални парчиња. Покрај пирсинг, има магнети на врвот на сите прсти, силиконски рогови на челото и огромна тетоважа на грбот што ја правел речиси 10-15 години.
Синиот човек
Пред 17 години Пол Карсон бил лекуван за кожно заболување со помош на колоидно сребро и потоа станал син. Потоа во САД ги забраниле лековите во кои има сребро затоа што предизвикувале неповратна пигментација на кожата. Кога се поврзува со сончевите зраци, среброто ја претвора нормалната боја на кожа во темно сина боја. Овој човек починал во 2013 година од срцев удар.
Ју Жехан
Ју живее во Кина и се смета за највлакнестиот човек на планетата. Речиси целото негово тело (96%) е покриено со влакна.
Најголеми импланти
Мајра Хилс е жената со најголеми гради. Таа е сопственик на најголемите импланти за гради во светот. Таа вели дека нема здравствени проблеми и се чувствува многу удобно со толку големи гради.
Жена со најмногу тетоважи
На 96% од телото на Џулија Гнус има тетоважи. Претходно девојчето имало проблеми со кожата и за да ги скрие почнала да прави тетоважа, но тогаш и станало тешко да се запре.
Најшироки колкови
Мишел Руфинели има најшироки колкови во светот. Нивната ширина е 2,44 метри.
Барби
Валерија Лукјанова многу личи на Куклата Барби. Светот дозна за тоа, по објавувањето на фотографии на интернет. Украинскиот модел инсистира дека надворешниот изглед е 100% природен, со исклучок на импланти во градите.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!