Луѓето направија неверојатен научен и технолошки напредок во текот на изминатиот век. Ние создадовме технологии кои го трансформираат нашето општество; научните достигнувања ни помогнаа да одговориме на фундаменталните прашања за тоа кои сме и каков е светот во кој живееме. Но, сепак, постојат мистерии кои сè уште не се решени.
Зошто имаме потреба од спиење?
Наодите во науката за спиење фрлија малку светло врз комплексноста на фазите на спиењето и активноста на мозокот, но во крајна линија, тие само нудат парчиња на постојано растечка, нецелосна загатка. Теоријата за заштеда на енергија е една од неколкуте што научниците ги користат за да објаснат зошто спиеме. Како научници создаваат алатки кои можат да ја следат активноста на мозокот за време на спиењето, тие се приближуваат до завршувањето на загатката и да ги откријат сите мистерии на сонот. На пример, мозокот има механизми што овозможуваат да се „исчистиме“ од непотребни информации за време на спиењето. „Спиењето е цената што ја плаќаме за учење“, вели Џулио Тонони, професор по психијатрија на Универзитетот во Висконсин-Медисон.
Што е темна материја и зошто не можеме да ја видиме?
Не знаеме како изгледа. Не можеме да ја видиме. Но, таа сочинуваат повеќе од 26 проценти од материјата во познатиот универзум. Поголемиот дел од материјата што е видлива за нас е направена од неутрони, протони и електрони. Но темната материја не се придржува кон овие класификации. Таа е составена од различни типови на честички кои сѐ уште не сме биле во можност да ги категоризираме и кои комуницираат со светлина и материјата на сосема поинаков начин. Темната материја не апсорбира, одразува или емитира светлина.
Како бил создаден универзумот?
Се приближуваме до спојување на најраните моменти на универзумот, но неговото вистинско потекло сѐ уште е мистерија. Можеби најпозната теорија за почетокот на универзумот е „Теоријата Биг Бенг“, во која универзумот се проширил од исклучително топла и густа сингуларност пред околу 13,8 милијарди години. Но, луѓето погрешно сфатиле ако мислат дека материјата едноставно експлодирала од ништо. „Биг Бенг се случила насекаде во универзумот истовремено; тоа не е експлозија во вселената, туку експлозија на вселената“, вели Пол Сатер, астрофизичар на државниот универзитет во Охајо. Сепак, точниот процес на она што го предизвикало ова (и, се разбира, она што било таму претходно) останува непознат.
Каде е деветатта планета?
Се верува дека тој гасов џин е голем скоро како Нептун и дека има орбита милијарда километри подолга од патеката на Нептун, што значи, дека му се потребни 10.000 до 20.000 години за да се сврти околу Сонцето, а исто така со својата гравитација привлекува дел од ледените карпи кои кружат околу Нептун. Константин Батигин, доцент на планетарна наука во Калифорнискиот институт за технологија, смета дека овие особености се барем делумно предизвикани од постоењето на Планета Девет – деветта планета во нашиот сончев систем, која допрва треба да биде откриена.
Зошто од вакви звуци мозокот ни „трне“?
Можеби сте ги сретнале на YouTube: илјадници видеа раскажани во гласови кои шепотат и придружени со меки звуци, како масирање на парче ткаенина со текстура или тивко потпевнување. Специјален микрофон кој дава чувство дека сте таму. За некои луѓе, звукот создава чувство на масажа на скалпот. Резултат на ова искуство: релаксирачка, сензација со трнење во мозокот кај околу 90 проценти од населението. Но, зошто се случува и зошто не функционира за секого, сè уште е непознато.
Каде е „Интелигентниот вонземски живот“?
Универзумот е стар милијарди години. Со оглед на возраста и пространоста на нашиот космос, тешко е да се разбере зошто не најдoвме други знаци на интелегентен живот. Основната веројатност укажува дека до сега требало да најдеме вонземјани, но каде се тие? Една теорија сугерира дека постои голем катаклизмичен настан кој ја спречува секоја цивилизација да не контактира, додека друга предлага дека вонземјаните се заглавени под дебели слоеви на мраз и карпа на далечни месечини. Ако во нашиот сончев систем постои вонземски живот, истражувачите сугерираат дека тоа е најверојатно микробен, наспроти интелигентниот живот.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.