Медениот месец се смета за најубавиот период од животот на младенците и знак за почеток на брачниот живот. За жал, за секоја од следните двојки, тоа бил крајот на нивната врска. Во овие бракови, еден од младенците одлучил дека тој или таа ќе бидат посреќни сами или со друга личност.

Аурора Мартин

Аурора Мартин и Петар Шмит се запознале на планинарење во 1991 година. Тие почнале да се гледаат, но наредната година Петар се оженил со Урсула Дешамп. Петар со автомобилот, заедно со сопругата влетал во канал и иако Урсула успеала да излезе од автомобилот тој ја држел нејзината глава под водата и таа починала. Тој изјавил дека тоа било несреќа, но после неколку месеци го добил животното осигурување на сопругата кое изнесувало 500.000 долари.

Неколку години подоцна Аурора го запознала Марк Ван Берс и се омажила за него. Кога парот бил на нивниот меден месец, поради пречка на патот Марк морал да застане со автомобилот. Кога излегол од него Петар и двајца негови другари го претепале до смрт. Последните зборови на Марк биле: „Ве молам не ја повредувајте мојата сопруга.“ Откао го убиле, го ставиле Марк во колата и ја турнале во водата. Аурора повикала полиција и објаснила дека таа скокнала секунда пред автомобилот да падне во водата. Семејството на Марк, а и полицијата не верувале во тоа, а уште почудно било кога Аурора го добила животното осигурување на Марк од 800.000 долари.

Аурора и Петар заминале заедно да ги трошат парите, но во меѓувреме Аурора ги признала убиствата на еден нејзин пријател, а тој ги пријавил во полиција. Аурора добила 15, а Петар 20 години казна затвор.

Видуалакшми

Семејството на Видуалакшми не дозволувало таа да се омажи за нејзиниот пријател од детството Ананд, туку ја принудило да се омажи за далечен роднина Анантхараман кој бил многу богат. Ананд ја молел да избегаат, но девојката одбила затоа што нејзината мајка имала проблеми со срцето и би можела да почине од тој шок. Затоа тие смислиле план да го убијат Анантхараман. Додека биле на меден месец, Анантхараман ја возел својата сопруга со брод низ езерото, а кога пристигнале на другата страна Ананд и неговиот пријател го претепале до смрт.

Видуалакшми повикала полиција и тврдела дека човек ги ограбил и го убил нејзиниот сопруг. Но, во тоа време додека Ананд и неговиот пријател се возеле во такси, разговарале за убиството на странски јазик. За нивна несреќа таксистот ги разбрал и кога ги однел до хотелот ги прател до собата, ги заклучил и повикал полиција. Сите тројца добиле доживотна казна затвор.

Скот Робин Ротсон

Скот ја однел својата сопруга Керен на крстарење за медениот месец. Тие џогирале на горната палуба кога почнале да се расправаат. Скот ја задавил Керен и ја фрлил од бродот. Тој на полицијата и кажал дека силен ветер ја однел неговата сопруга и таа изчезнала во водата. По 12 часа телото на Керен било пронајдено, со видливи знаци на насилство. Скот ја сменил својата приказна велејќи дека израелската тајна служба ја убила неговата сопруга поради, неговата книга „Кошмар во Израел“, во која тој пишувал за злоупотреба на човечките права во Израел, а тоа го изреволтирало и министерот на Израел.

Никој не поверувал во оваа неговата приказна и тој добил доживотна казна затвор, која подоцна му била намалена на 33 години.

Брајан Умфри

Брајан бил добро познат криминалец. Тој бил многу насилен со неговата сопруга Касандра Петри и често брутално ја тепал. Кога завршил повторно во затвор Касандра поднела барање за развод и нивниот брак завршил. Кога излегол од затвор Брајан повторно се вратил кај Касандра и решиле повторно да се венчаат и да заминат на меден месец со Лас Вегас. Додека лежеле во кревет во хотелската соба Брајан ја убил Касандра, така што ја напднал со нож. Тој го покрил крвавото тело на неговата сопруга, се измил во тоалетот и заминал. Откако полицијата го фатила Брајан бил осуден на 35 години казна затвор.

Клодиус Џејмс

Семјуел Корни го убедил пријателот Клодиус Џејмс да се ожени со некоја девојка за парите од животното осигурување. Џејмс ја запознал Патриша Албановски. Тој инсистирал веднаш да се венчаат и успеал да ја убеди Патриша дека е лудо вљубен во неа. Два дена по свадбата Џејмс и кажал на Патриша да си направат животно осигурување од 350.000 долари.

Кога заминале на меден месец Џејмс воопшто не бил со Патриша и таа поголемиот дел од времето го поминала во хотелска соба. За тоа време Семјуел и Џејмс го планирале нејзиното убиство. Една вечер Џејмс и кажал на Патриша дека сака да и покаже колку слатко изгледа семејство од патки. Кога се враќале од плажата, Џејмс му сигнализирал со светилка на Семјуел, а тој ја прегазил Патриша со автомобил.

Иако се потрудиле да изгледа како несреќа, мајката на Патриша им кажала дека нејзината ќерка била загрижена поради чудното однесување на Џејмс и големиот износ на животно осигурување. Полицијата го убедила Џејмс да сведочи против Самјуел во замена за помала казна. Џејмс добил 21 година казна затвор, а Самјуел доживотна.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено