Експертите ја реставрираа една од најголемите познати карти на стариот свет и тоа заедно со познатите митски суштества, кои се означени на истата. Македонија како и на сите карти на старите народи е прилично прецизно прикажана.
Рачно изготвената карта била создадена пред 430 години од Урбано Монте. Со векови подоцна, колекционерот Дејвид Румзи и неговиот внук внимателно ги скенирале и дигитално ги заштитиле сите 60 страници што претходно биле врзани во атлас и за првпат ја комплетираа мапата и ја вратија нејзината стара слава.
Иако малку се знае за картографот од 16 век кој ја направил картата, ново обновената карта дава увид во тоа како луѓето во тоа време го разбрале светот.
„Создадена во 1587 година во Милано, Италија, таа го прикажува светот во многу детали и била доста напредна за своето време. Светот бил претставен одозгора, перспектива што вообичаено не ја користеле картографите во тоа време. Сликата на Монте на Јапонија, исто така, покажува многу повеќе имиња на места отколку картите направени од неговите современици, најверојатно затоа што Монте се сретнал со јапонски делегации кога го посетиле Милано во 1585 година.“, пишува Дејвид Румзи на неговата веб-страница.
Сепак, на картата исто така се прикажани и некои од заблудите односно митовите од тоа време кои илустративно ги прикажуваат еднорозите, до бродовите кои се нападнати од страна на мажи-сирени. Необичниот облик на картата, бил направен најверојатно затоа што креаторот сакал да ја истакне формата на Земјата.
„Монте сакал да ја покаже целата Земја колку што е можно поблиску до тридимензионалната сфера користејќи дводимензионална површина“, објаснува Румзи. „Неговата проекција го прави токму тоа и покрај нарушувањата околу јужниот пол“. Целосната карта можете да ја видите тука.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.