– Жено, барам развод!
– Ааа, не може! Вдовица ме зеде, вдовица ќе ме оставиш!
– – – – – – –
Мало детенце се враќа од градинка со изгребано лице. Таткото го прашува:
– Што се случи сине?
– Игравме оро околу елката.
– И?
– Елката беше голема, а бевме малку деца.
– – – – – – –
– Докторе, пациентот е мртов, што ќе правиме? Како да се правдаме пред луѓето? Ќе не изедат на социјалните мрежи!
– Ќе им кажеме дека тој не го испратил текстот на 12 негови пријатели, па му се случило најлошото.
– – – – – – –
– Бев на состанок со еврејско девојче…
– И како помина?
– Катастрофа… Состанокот траеше само 1 минута и таа се налути…
– Зошто, што се случи?
– Таа ме праша кој ми е бројот, а јас ѝ одговорив дека ние имаме и имиња…
– – – – – – –
– Како се прави пињата забава во Сомалија?
– Врзуваш едно парче леб на дрон и го пушташ да кружи околу стадионот.
– – – – – – –
Малото синче доаѓа кај татко си:
– Тато, тато, пробај од моето ново чоколадце!
– Пу! Пу!! Пу!!! Па ова е гомно бе, мајмун еден!
– Ахааа… А јас баш се чудев зошто имам чоколадо на газето…
– – – – – – –
Го носат пијан Итар Пејо на интензивна нега, со тешки изгореници. Откако му даваат прва помош, го носат на рендген. Кога докторот ја видел снимката, го прашал Пејо зачудено:
– Вие господине имате повеќе искршеници отколку изгореници, како е можно?
– Можно е докторе, можно е! Глупавите мариовци ме гаснеа со лопати…
– – – – – – –
– Докторе, дали ми се готови резултатите? Умирам од љубопитност!
– Не само од љубопитност…
– – – – – – –
Можам на прстите од едната рака да ви ги набројам сите 11 причини зошто не ми се допаѓа радијацијата.
– – – – – – –
Бабата:
– Му кажав на зетот дека после смртта сакам да ме кремираат.
– И што се случи?
– Гадот ми закажал термин за утре…
– – – – – – –
Пред операција:
– Докторе дали е вистина дека студент на медицина ќе ме оперира?
– Вистина е…
– Што ако нешто не биде во ред?
– Ќе му пишеме 5-ка во индексот…
– – – – – – –
– Дали имате луѓе со психолошки проблеми во вашето семејство?
– Не, доктор, зошто?
– Е па радувајте се! Убаво е да се биде прв…
– – – – – – –
– Се плашам дека Лордот Џон се сомнева нешто во врска со нашата врска! – Му вели Лејди Ивон на својот љубовник во кревет.
– Што сакаш да кажеш?
– Го слушав денес како по телефон нарачува евтин ковчег за човек од сто осумдесет и пет…