Без разлика дали стануза збор за производител на апарати за домаќинство или ресторан за брза храна, добра услуга е еден од условите кои секоја компанија мора да ги исполни за да биде успешна. Ви претставуваме 14 зачудувачки примери на компании кои однесоа односите со клиентите на апсолутно ново ниво.

14. Овој човек побарал да му донесат тоалетна хартија преку Твитер. Тој добил тоалетна хартија.

 

Еден млад Британец по име Адам се нашол во многу деликатна ситуација: откако го посетил тоалетот во воз, открил дека немало тоалетна хартија во кабината. Не знаејќи што да прави, напишал на ѕидот на Твитер. Не само што добил одговор, туку и му помогнале да се реши проблемот.

13. Пилот на Frontier Airlines купил пица за патниците со одложен лет

Еден од авионите на Frontier Airlines кој се упатил кон Денвер морал да слета во Вајоминг поради лоши временски услови и морал да остане на пистата околу два часа. Пилот, Герхард Бреднер, одлучил да ги разведри луѓето исцрпени од долгото патување и пораќал пица за сите 160 патници со право на испорака до авионот.

12. Фирмата за мебел насликала пони заедно со Тираносаурус Рекс на барање на клиентот

Корисникот на Имгур со прекарот Pavis0047 порачал маса во компанијата The Human Solution. Поради одложување на пратката, масата не можела да му биде доставена навреме. Во компензација, тие насликале коњ со Tyrannosaurus Rex за фрустрираниот клиент, како што тој побарал во неговото писмо.

11. Продавницата на Саинсбери преименувала еден од своите производи, според барање на 3-годишно девојче

Писмото напишано од 3-годишната Лили Робинсон упатено на британски малопродавач за тоа како „Тигар лебот“ треба да биде преименуван во „Жирафа леб“ било објавено од нејзината мајка на нејзиниот блог. Откако се проширило низ интернет, Лили добила одговор од менаџерот Крис Кинг од Sainsbury’s. Тој напишал: „Почитувана Лили! Мислам дека преименувањето на лебот во „Жирафа леб“ од „Тигар леб“ е брилијантна идеја – тој многу повеќе изгледа како дамките на жирафа од лентите на тигарот, нели? Подоцна „Жирафа лебот“ навистина се појавил во продавниците.

10. Еден човек добил стек на аеродромот

Кога заминал на друго патување, американскиот специјалист за маркетинг, Питер Шанкман, напиша на шега на Твитер на фирмата Мортон-Стејкхаус, барање да му донесат стек на аеродромот. Претставниците на компанијата сериозно го сфатиле барањето: при пристигнувањето го чекал човек во смокинг, држејќи пакет со стек во рацете.

9. Креатор на видео-игри испратил игра која повеќе не била на продажба на својот клиент

Една девојка на корисник на Имгур со прекар КапДомовој еднаш му признала дека навистина ја сака видео-играта Equestriad 2001. Проблемот бил што таа била повлечен од производство пред една деценија. Откако одлучил да се обиде да и угоди на неговата сакана девојка, овој човек им пишал на креаторите на оваа игра Tantalus компанија. По 10 дена тој доби пакет со играта.

8. Американска онлајн-продавница му испратила подарок за Божиќ на својот купувач бесплатно

Еден човек добил слушалки од 100 долари затоа што купил една работа во текот на целата година од Zappos. Оваа онлајн-продавница е позната по својот однос кон клиентите. Тие испратиле букет на жена која што вратила 6 пара обувки затоа што не и биле точни на нејзината болна мајка. А исто така го држат рекордот за најдолга комуникација со своите клиенти, бидејќи еден оператор на Zappos еднаш разговарал со купувач повеќе од 10 часа.

7. На претставник за услуги кон клиенти му се допаднала слика на корисник на Имгур толку многу што му пратиле џебен часовник

Еден дечко со прекарот Jettaboy04 пратил нарачка во печатарската фирма EasyCanvasPrints. Вработен во службата за корисници се заинтересирал за сликата и го прашал што држи Пикачу во неговите раце. Кога дознал дека тоа е џебен часовник, тие му го испратиле истиот часовник на својот клиент како подарок.

6. Компанијата Домино го спасила животот на својот редовен клиент

Кирк Александар, државјанин на државата Орегон, секојдневно нарачувал пица од Домино. Кога нивниот редовен клиент го немало две недели, менаџерот на овој синџир, Сара Фулер, навистина се загрижила. Жената ја повикала полицијата, а кога полицајците дошле во домот на Александар, тој имал потреба од лекарска помош. После тоа, човекот бил однесен во болница и неговиот живот бил спасен.

5. Производителите на слушалки обезбедиле девојка со променливи гумички за слушалки за долго време

Посетител на веб-страницата на Пикабу со прекарот ФикдиХовиќ се најде себеси во многу позната ситуација: таа ги изгубила нејзините гумички слушалки. За да дознае каде може да ги купи, девојката му се обратила на производителот Sennheiser. Како одговор на тоа, тие едноставно и испратиле 8 пара нови гумички за слушалки.

4. Компанијата Samsung му овозможила телефон на човекот според неговата креативност

Шејн Банет, од Канада е голем обожавател на Samsung технологиите. Пред да го пуштат во продажба Samsung Galaxy S III, тој и се обратил на компанијата со барање да му го доставатновиот модел со смешна слика на диносаурус со писмото. Во почетокот, неговото барање било одбиено, но откако Шејн ја споделил приказната на Интернет, станала многу популарна. На крајот, Samsung му испратил телефон со неговиот диносаурус.

3. Компанијата Dell го заменила неисправниот монитор за својот клиент

Приказната ја споделил корисник на Pikabu Cold86. Тој напишал дека по една година од користењето на Dell мониторот, дефект (бели бранчиња) се појавил на екранот. Човекот го фотографирал дефектот и го испрати на Dell. Еден месец подоцна му бил донесен нов монитор.

2. Apple му доставил таблет на човек чија жена не му дозволила да го купи

По објавувањето на iPad 2, претставниците на Apple беа крајно внимателни за враќањето на нивната стока. Еден случај особено им го привлекол вниманието: Еден таблет бил вратен со порака: „Мојата сопруга рече ‘Не’ “. Тие му го вратиле таблетот со следното: „Apple вели ‘Да’.“

1. West Jet Airlines им претстави божиќно чудо на своите клиенти

Во декември 2013 година, патниците на две летови на West Jet Airlines биле замолени да дојдат на шалтерите за пријавување, каде што луѓето биле прашани кои се нивните Новогодишни желби. Сите желби биле запишани и испратени до група на волонтери кои ги купиле сите овие предмети и ги донеле до одредишниот аеродром. По слетувањето, изненадените патници не само што го добиле багажот, туку и Новогодишните подароци. Можете да ги видите нивните реакции во видеото.

Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.

Сподели на Facebook
пати видено