Жените имаат долга историја на еманципација, па дури и денес целокупната родова еднаквост допрва треба да дојде. Меѓутоа, во античките времиња, работите биле поинакви. Жените во античкиот Рим, Грција, Египет, Индија и Кина имале многу права, ограничувања, хобија и навики за кои не сме целосно свесни.

1. Девојчињата од Рим имале своја верзија на Барби

Во античкиот Рим девојките се венчале кога имале само 12 години. Иако нивното детство не траело долго, тие сѐ уште се играле со играчки. Едена од нив, како што било откриено на крајот на 19 век, била дрвена кукла. Таа била пронајдена во еден саркофаг кој и припаѓал на една девојка по име Креперија Трифена и живеела во Рим во II век. Како што можеме да видиме, таа има одредени сличности со нашата модерна Барби. Мала кутија полна со облека за облекување на куклата била пронајдена во саркофагот.

2. Древните египетски жени имале еднакво право да го наследат престолот.

Египет бил подемократски настроен тотколку многу други антички кралства. Главниот доказ за тоа бил фактот дека и покрај полот, секое дете на владетел може да го наследи престолот. Правата на мажите и жените биле речиси еднакви, што во тоа време било невообичаено. Освен тоа, семејната линија во древниот Египет била влечена од страната на мајката, а не од таткото. Ова се вкоренило во верувањето дека наследството може да се докаже ако мајката е позната (затоа што ДНК тестовите за татковците не биле достапни тогаш).

3. Грчките жени имале право на развод.

Иако жените во античка Грција не се сметале за граѓани и нивните права и слободи биле строго ограничени, постапката за развод била прилично фер. Ако една жена сакала да се разведе од нејзиниот сопруг ѝ требал машки претставник за да го стори договорот во нејзино име. Меѓутоа, ако некој маж сакал развод, сè што требало да направи е да ја исфрли неговата жена надвор од неговата куќа.

4. Египетските жени можеле да имаат високи религиозни позиции.

Никогаш не било вообичаено една жена сериозно да се вклучи во религиозниот живот. Сепак, древниот Египет бил исклучок. Жените во Египет можеле да ја држат позицијата на „Божја жена“, која била поврзана со различни божества. Но најважната позиција била „Божјата сопруга на Амун“.

5. Жените од Рим биле едуцирани.

Едукацијата на жените во античкиот Рим било прилично контроверзно прашање. Повеќето девојки ги научиле самите основите на читање и пишување на училиште. Сепак, некои семејства сакале нивните ќерки да добијат пошироко знаење и затоа ангажирале приватни тутори за напредна граматика и грчки лекции.

6. Жените од античка Грција играле „Петкамен“.

Жените ја играле играта astragalos, која е многу слична на играта петкамен. Петкамен вообичаено се игра со пет камчиња (или ашици) од кои едно се разликува од другите, на пример по бојата. Таа се игра така што се фрла едно камче во воздух (најчесто различното) и се зема едно камче од оние кои се на земја и потоа се фаќа фрленото камче пред истото да падне на земја.

7. Жените од Рим носеле бикини.

Како што е прикажано во овој мозаик од IV век од н.е., пронајден во Сицилија, девојките од Рим користеле нешто слично на модерно бикини. Неверојатно е колку биле прогресивни античките Римјани.

8. Жените во Рим биле и спортисти.

Истиот мозаик покажува дека римските жени биле заинтересирани и за спортот. Овој прототип на модерните тегови изгледа навистина импресивно. Во античкиот Рим, жените имале многу рекреативни активности и богат општествен живот.

9. Во Кина сопругот имал право да ја напушти сопругата доколку таа премногу зборува.

Во древна Кина, една жена немала речиси никакви права и била сметана за сопственост на нејзиниот сопруг. Браковите биле организирани од страна на професионални стројници, а жена најчесто го запознавала нејзиниот сопруг за првпат за време на свадбата. На традиционална свадба, родителите на младоженецот обично седеле, а невестата носела црвен фустан и сино „вел“ на главата и ја нудела свекрвата со чај. Мажот имал голем број „причини за да се разведе од сопругата почнувајќи од доказ дека е неверна, недостаток на почит кон родителите на мажот, кражба, страдање од вирулентна или заразна болест, љубомора и премногу разговор.

10. Жените во Индија можеле слободно да си го изберат сопругот.

Па, ова е многу интересно. Дури и денес, договорените бракови се доста чести во Индија. Но, во античките времиња, една жена била еднаква со мажот. Таа имала право не само да го избере сопругот, туку и да се омажи кога сакала. Индиските жени, исто така, добивале добро образование и им било дозволено да поминат иницијации и да ги проучуваат Ведите.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено