Доколку сте родител, задолжително кажете им ги на децата, за да им прават финти на своите другарчиња.

– Што е тоа сега го гледаш, сега не го гледаш?
– Црна мачка поминува улица ноќе на пешачки.

– – – – – – –

– Што ќе се добие кога ќе се спојат зајак и папагал?
– Брзозборка.

– – – – – – –

– Што му вели едното око на другото?
– Меѓу нас нешто мириса.

– – – – – – –

– Што е тоа качено на дрво и мјаука?
– Мачка?
– Точно. А што е тоа, на земја е и лае?
– Куче?
– Не, мачката паднала и не знае што зборува.

– – – – – – –

– Што е тоа: Кружно е, ти го даваат во квадрат, а се јаде како триаголник?
– Пица.

– – – – – – –

Мајка ми ми вети дека, ако си ја поправам оценката по географија, ќе ме води во Италија да ја видам Ајфеловата кула.

– – – – – – –

– Знаете ли зошто на пакувањата на саламите и виршлите, радосно ни се насмевнуваат прасенца, пиленца и теленца?
– Затоа што знаат дека ги нема внатре!

– – – – – – –

Во продавница:
– Извинете, дајте ми еден зоден.
Продавачката:
– Тоа е цената.

– – – – – – –

– Кој збор се пишува погрешно?
– Зборот погрешно.

Сподели на Facebook
пати видено