Во градот Сент Џејмс во јужниот дел на Минесота, САД, Грег Кругер ја претвори својата куќа во прекрасно игралиште за разонода и рекреација на своите 18 мачки. Тунели, платформи, воздушни патеки, места за криење и што уште не ќе најдете во неговиот забавен парк за мачки.
На 49-годишна возраст, на Грег му беше дијагностициран Аспергеров синдром, вид на аутизам, што ја објаснува неговата опсесија за мачките. Тој вели дека не може да спие лесно, бидејќи секогаш мисли на тоа како најдобро да го дизајнира овој или оној агол од домот за неговите мачки.