Стапнаа Американците на Месечината или не? Мислењата се поделени, но има уште еден, трет поглед на ова: Дури и да стапнале Американците на Месечината, тие не биле први, туку Русите.

Експедициите на Месечината со космонаути отсекогаш привлекувале голем број на прашања кај теоретичарите на заговор. Тие веруваат дека постојат уште неколку мисии кои властите ги чуваат во тајност затоа што не сакаат на светот да му ја откријат вистината за НЛО-ата и вонземјаните.

Ова видео наводно протекло од руските служби и на него се гледа првото слетување на Месечината од страна на Русите, но видеото ненадејно прекинува поради некаков мистериозен напад.

Скептиците тврдат дека видеото е лажно и дека се работи само за добра монтажа. Од друга страна пак уфолозите веруваат дека: Астронаутите од Советскиот Сојуз успешно слетале на Месечината, но нешто не било во ред и некаква експлозијата се слуша на крајот на снимката. Најверојатно, луѓето ги нападнале вонземјани, жители на ова небесно тело. А зошто не ги нападнале и Американците?

Како што гледаме во последно време, Месечината крие многу тајни, кои ќе бидат откриени дури тогаш кога тајните американски и руски документи ќе бидат декласифицирани.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено