Одам кон Битпазар и таман да влезам во пазарот ме запира еден продавач на часовници.
– Другар, земи си еден златен часовник, таман за господин како тебе. Евтино ќе ти го дадам, само 50 евра.
Го гледам часовникот, жолт, свети, го пробувам, добро ми стои и почнувам да се пазарам со продавачот. После 5-6 минути му спуштам цена на 30 евра, таа е набавна нели, од толку подолу не може да оди, бидејќи е позлатен и е оригинал, па се согласувам. Си фаќаме рака, му давам 50 евра, тој ми го дава часовниот и ми враќа 20 евра кусур.
Потоа човекот го снема, како во земја да пропадна. Го гледам убаво часовникот, тенекија и фалсификат како што и претпоставив, исто како и 50-те евра што му ги дадов, но 20-те што ми ги врати беа вистински!