Средниот век е период познат по некои тешки форми на телесно казнување. Идејата за казнување на телото е длабоко поврзана со христијанската религија. Малите прекршоци доведувале до строг третман од страна на одговорните. Озборувањето исто така било дел од секојдневниот живот, а средновековната ера не беше поинаква од денешната, кога станува збор за гласини. За овој „криминал“ бил измислен посебен уред наречен „Маска на срамот“.
Станува збор за железна „муцка“ затворена во железна рамка која ја опкружувала главата на обвинетата жена, како маска. Главната намера на уредот била физички да се спречи лицето да зборува со употреба на едно парче, наречено „лигавка“, кое било ставено во устата на жената и притиснато на јазикот. Понекогаш била ставана и шипка за да движењето на јазикот би предизвикало рани, дополнително обесхрабрувајќи ја жртвата дури и да се обиде да зборува.
Оваа форма на казна, исто така, вклучувала и јавно понижување, бидејќи жената ја воделе на поводник, во повеќето случаи од страна на нејзиниот сопруг, низ градот за да привлече внимание. Публиката најчесто ја навредувала жената или плукале на неа. Насилството кон жртвата не било обесхрабрено.
Се сметало дека само преку болка и страдање некој може да постигне невиност по извршеното злосторство. „Маската на срамот“ најчесто се ставала на жените кои биле „непослушни“ кон нивниот сопруг или биле лошо третирани и едноставно одлучиле да зборува за тоа.
Една од најраните регистрирани употреби на оваа практика се случила во Шкотска во 1567 година, но веројатно се користела и во Англија и Велс околу тоа време. Казната во овој прв случај и била предадена на Беси Таилифеир, која, наводно, го клеветела лицето наречено Бејли Хантерво врска со употребата на лажни мерења во спорот околу земјиштето. Исто така „Маската на срамот“ се употребувала и во Германија.
Интересно е тоа што казната се применувала исклучиво за жени (и ретко мажи) од пониска општествена класа, додека членовите на судот и друга аристократија неофицијално добиле дозвола да оговараат без страв дека ќе бидат толку строго казнети.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.